14 фотографии коишто ја покажуваат јачината на човечкиот дух
Денес, дозволете си да бидете инспирирани од луѓето кои ги надминале своите ограничувања. Со фотографиите на оваа листа ќе дознаете за најстариот гимнастичар на светот, гитаристот без раце и многу други луѓе кои ја постигнале својата цел без разлика на нивните услови.
1. Дланки на веслач
Англискиот веслач Алекс Грегори ја споделил оваа фотографија. Ова се неговите дланки по долго време носење ракавици за веслање.
2. Преживување на екстремни температури
Вим Хоф е холандски екстремен атлет. Тој држи повеќе од 20 светски рекорди, а еден од нив е за најдолго време во замрзната бања.
3. Кралот на жицата
Ник Валенда стана првиот човек што помина над Големиот Кањон на жица. И неговите мајка и дедо го имале истото хоби. Тој бил и првиот човек кој поминал на жица над Нијагарините Водопади.
4. Над 9 часа во позиција на штица
Џорџ Худ, поранешен офицер од морнарицата, го срушил рекордот за вежбата планк (штица). Тој останал во оваа положба 9 часа и 20 минути, соборувајќи го неговиот претходен рекорд од 9 часа и 11 минути.
5. Меѓусебна поддршка
Ма Ли и Жаи Џијаовеи се кинески танчери кои настапуваат низ целиот свет. Жаи ја изгубила раката во сообраќајна несреќа, а нејзиниот партнер Ма танцува без нога.
6. Сам на ѕидот
На фотографијата е американскиот качувач по карпи Алекс Хонолд. Тој е првиот што сам ја искачил оваа карпа во Националниот парк Јосемити. Искачувањето траело 3 часа и 56 минути.
7. 11 километри до врвот на Монт Еванс во Колорадо
Продолжува на следната страница…