15 бисери на мудроста кои можеме да ги научиме од Фиби Буфе

14 бисери на мудроста кои можеме да ги научиме од Фиби Буфе

Долго време живеевме, се смеевме и плачевме заедно со ликовите на познатата ТВ серија „Friends“. Всушност, некои луѓе (еве на пример, ние) и до ден-денес гледаме одредени епизоди кои на некој начин си добиле свое место во нашето срце. И покрај тоа што сите си имавме омилен лик од пријателите, Фиби Буфе е онаа која навистина се издвојуваше од останатите. Одвреме-навреме таа знаеше да искоментира нешто коешто ќе нѐ натераше со денови да размислуваме за себе и за животот. Погледнете дел од нејзините брилијантни бисери на мудроста…

15 бисери на мудроста кои можеме да ги научиме од Фиби Буфе

 

– „Фиби. Одлично име.“

– „Ти се допаѓа? Можеби би требало да го чуеш мојот телефонски број.“

Мудрост: Самодовербата е клучот за успех во животот. Или ако ништо друго, барем за љубовните состаноци.

 

„Доколку сакате да добивате мејлови за моите наредни настапи, тогаш ве молам дајте ми пари за да можам да си купам компјутер.“

Мудрост: Практичноста секогаш доаѓа на прво место.

 

„Познат факт е дека јастозите се заљубуваат во својот партнер за цел живот. И знаете што, навистина можете да видите стари парови на јастози кои се шетаат заедно во своите аквариуми и се држат за нивните клешти.“

Мудрост: Вистинската љубов сепак постои.

 

„Јас сум Фиби Буфе и имам бебиња кои почнуваат да излегуваат од мене!“

Мудрост: Бидете директни, веднаш преминувајте на главното.

 

„Имам некое неверојатно чувство дека оваа мачка е мајка ми.“

Мудрост: Никогаш не се сомневајте во вашата интуиција.

15 бисери на мудроста кои можеме да ги научиме од Фиби Буфе

 

„И си помислив, во ред, еве ми можност да бидам креативна. Па, запознајте ја Принцезата Консуела Бананахамок.“

Мудрост: Доколку не ви се допаѓа, не мора да го задржите вашето вистинско име.

 

„Можеби понекогаш глумам будала, но јас сум многу повеќе од русокоса двојка со задник, која никогаш не се откажува.“

Мудрост: Искрено запознајте се себеси. Онакви какви што навистина сте.

 

„Ако сум семоќна, барем на еден ден, ќе сакам мир во светот, да нема повеќе глад, добри нешта за прашумите… И поголеми гради!“

Мудрост: Понекогаш малата доза на себичност може да биде добра за нас, но и за другите околу нас.

 

„Кравата во ливадите прави муу, кравата во ливадите прави муу. Тогаш фармерот ја удира по главата и ја меле и ете од каде доаѓаат хамбургерите.“

Мудрост: Песните не секогаш мора да имаат рима, особено ако пренесуваат важна порака.

15 бисери на мудроста кои можеме да ги научиме од Фиби Буфе

 

„Тој беше језив. И злобен. И малку застрашувачки. Сепак, убаво е да се има состанок на денот на вљубените.“

Мудрост: Погрижете се секогаш да ги правите оние работи кои навистина ги сакате.

 

„Посакувам да можев. Но, не сакам.“

Мудрост: Искреноста е најдобрата тактика.

 

„Нешто не е во ред со левата фаланга.“

Мудрост: Дури и кога критикувате, правете го тоа со самодоверба.

 

„Знаев дека нешто не е во ред. Моите нокти воопшто не пораснаа вчера.“

Мудрост: Секогаш верувајте им на вашите инстинкти.

 

„Деби, мојата најдобра пријателка од основно училиште ја удри гром на мини терен за голф. Секогаш добивам многу силни Деби-вибрации кога и да ги користам оние мали жолти моливи.“

Мудрост: Најдете сеќавања дури и во најмалите работи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Iva Reply

    Преводот е катастрофа.

Остави коментар