14 апсурдни нешта што ги прави секоја девојка кога ќе му се налути на своето момче
Факт е дека ниедна врска не е совршена и дека во секоја има по некоја караница, но кога жените се лутат, мажите веројатно и не знаат каде да бегаат, а оваа листа е веродостоен индикатор зошто.
1. Ќе ви испрати цел реферат – И додека ѝ возвраќате одговор таа ќе ви прати уште еден. Затоа што никој, повторуваме, НИКОЈ не пишува побрзо од налутена жена.
2. Ќе ви го искрши она што најмногу го сакате – Иронично, никогаш не би скршила нешто што таа го купила. Претпоставуваме дека чувството не ѝ е доволно исполнувачко.
3. Ќе ве почести со „тивок третман“ – А вие, бидејќи сте најголемиот „среќник“ на планетава, сигурно ќе ја прашувате што не е во ред сѐ додека не експлодира и не го истури својот акумулиран гнев врз вас.
4. Ќе ви ги дупне гумите – Всушност, иако самата помисла е навистина интересна, многу мал број жени успеваат во ова, бидејќи е многу потешко отколку што звучи, но, како и кај подароците за роденден – важна е намерата.
5. При караница, таа жестоко ќе дебатира и ќе се расправа – Но кога ќе стигне до најчувствителните теми тогаш сигурно ќе се расплаче.
6. Ќе ви ја изгребе колата со помош на клуч – На таа најубавата кола што ја купивте пред година дена. Со клучот кој ВИЕ ѝ го дадовте.
7. Ќе спомне нешта од пред 11 години 7 месеци и 4 дена – Жените се како Википедија – тие знаат и се сеќаваат на апсолутно сѐ.
8. Ќе се дере колку што ја држи грлото – Исто како да видела летачки пајак. Спремете се да оглувите.
9. И потоа ќе излета како фурија и ќе ја тресне вратата – Затоа што трескањето врати опива со моќ.
10. Ќе ве избрише од сите социјални мрежи – Кратко потоа и ќе ве блокира. Кога ќе воспоставите добри односи, тогаш повторно ќе ве додаде.
11. Ќе се преправа дека сѐ е во ред – И ќе ви остави доволно долго јаже за да може да се обесите.
12. Ќе фрла со предмети по вас – Верувале или не, не секоја девојка сака да се кара. Некои обожуваат да фрлаат предмети. Од оние најскапите и најскапоцените.
13. Ќе се разбудите наутро, ќе го проверите телефонот и ќе најдете уште еден реферат – Во кој ќе раскинете, ќе се смирите, па повторно ќе раскинете и на крај повторно ќе се смирите.
Летачки пајак видела? Хахаха 😀