13 засрамувачки исповеди од интервјуа за работа

13 засрамувачки исповеди од интервјуа за работа

Интервјуата за работа се тешки, и секој што ќе ви каже дека за него не е така, со сигурност ве лаже во лице. Испотени дланки, млитаво ракување и пелтечење се само дел од работите што можете да ги искусите во текот на најнепријатниот разговор што сте го имале подолго време. Но, ако добро истражите пред интервјуто, се облечете и намирисате соодветно, може да си излезете од „собата за испрашување“ со нова работа.

0-13-zasramuvachki-ispovedi-od-intervjua-za-rabota-kafepauza.mk

Апликацијата за споделување тајни Whisper објави неколку исповеди од многу засрамувачки интервјуа за работа кои ќе ве потсетат дека дури и да не поминете најдобро на средбата, барем не ја заборавивте сопствената година на раѓање.

1. Моментот кога не сакајќи лошо ќе ја проголтате водата и не можете да дишете и почнувате неконтролирано да кашлате. Да, тоа ми се случи денес за време на интервју за работа.

2. Бев на интервју за христијански камп и лажев кога ме прашаа дали сум гледал порно.

3. Пред некој ден некој ми кажа дека заплачувањето од нигде-никаде може да изгледа мило. Не би рекла дека тоа беше случајот кога се расплакав на сред интервју за работа.

4. Користев цитат од серијата „Американски татко“ за време на моето интервју. Ја добив работата.

5. За време на моето интервју, мрсул ми пролета од носот додека зборував. Се прашувам дали човекот што ме интервјуираше го забележа тоа.

6. Заборавив која година сум роден за време на работно интервју.

7. Се појавив на моето интервју една недела порано. Упс!

8. За време на интервјуто толку ми се мочаше и од што се воздржував лицето ми изгледаше злобно и го исплаши шефот.

2-13-zasramuvachki-ispovedi-od-intervjua-za-rabota-kafepauza.mk

9. Денес го прекршив законот возејќи брзо за интервју за работа во полиција. Не сакав да доцнам.

10. Ми се откопча градникот за време на интервјуто за работа. Е тоа е незгодна ситуација.

11. Еднаш се онесвестив за време на интервју за работа. Уште бев пијан од претходната вечер. Се работеше за голема финансиска компанија во Њујорк.

12. Чував марамчиња за чистење на очилата во мојот паричник. Тие изгледаа чудно, личеа на кондоми. Денес испуштив едно за време на моето интервју за работа.

13. Го играв гангнам стилот на моето интервју за работа денес. Ја добив работата.

3-13-zasramuvachki-ispovedi-od-intervjua-za-rabota-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар