13 типови Фејсбук пријатели, кои сите ние ги имаме
Откако стана дел од нашето секојдневие, Фејсбук е местото каде што можеме да најдеме секого или пак да дознаеме сè за некого. Ова се 13 типови Фејсбук пријатели кои, верувале или не, сите ние ги имаме.
1. Пријател фантом
Ја познавате оваа личност уште од раните денови, но последниве години стана тотален фантом. Не можете да заклучите ништо за животот на оваа личност. Ќе видите дека некогаш била негде, па ја променила сликата на профилот, потоа гледате честитки за роденденот од пред пет години и тоа е тоа. Никакви слики, содржини, објави. Ништо.
2. Супер успешна колешка од факултет
Оваа личност ја знаете од факултет, и вашиот живот во однос на нејзиниот ви се чини тотално мизерен. Дипломирала на време, профилните слики покажуваат луксузни дестинации кои таа ги посетила, постојано објавува слики од фенси ресторани каде што била, од излети и од забави. Не ви е јасно како на некого животот може да му е толку убав.
3. Пријател кој не знаете кој е, но го имате со години во листата
Не знаете ни кога, ни како, ни зошто сте станале пријател со него. Не знаете кој е воопшто тој. Немате заеднички пријатели, ниту пак интереси. Можеби некако случајно сте станале пријатели…
4. Далечен роднина
Не е важно дали е член од потесна или поширока фамилија. Иако најверојатно е некој далечен роднина или вујко. И само што ќе објавите некој паметен статус со кој сте горди, после неколку секунди доаѓа коментар од него: „Браво! Си израснал/а во супер дечко/девојка, поздрави ги дома.“
5. Кралица на драмата
Овие личности „бомбардираат“ со статуси кои се прилично драматични. Најчесто статусите им започнуваат со „Оној момент кога…“ и на најнезаначајните ситуации им дават преголемо значење. Обично потоа следуваат коментари во кои другите прашуваат што се случило, а исто така имаат и премногу лајкови.
6. Репортер
Оваа личност секогаш ве известува за важните и не толку важни настани во нејзиниот живот. Иако не сте се виделе многу години, сепак знаете сè што ѝ се случува во животот.
7. Спамер
Оваа личност постојано споделува слики и видеа од некои сајтови што воопшто не сте ни знаеле дека постојат. И тоа го први многу често. Не мора да се спомнува дека за повеќето од нив мислите дека ќе ви откријат некоја голема мудрост, но кога ќе кликнете сфаќате дека е голема глупост.
8. Моќниот пар
Тие двајца редовно си стават лајкови меѓусебно, си пишуваат романтични статуси на ѕидовите, објавуваат заеднички слики и даваат извештај за сите свои романтични случувања. Човек би им позавидел ако не е сигурен дека сето тоа е толку лажно.
9. Зависник од Candy Crush
Но не само од таа туку и од Criminal Case, Farmville и сите останати игри на Фејсбук, за кои треба да ги молите пријателите да ви подарат животи, бодови или што уште не.
10. Пријател со чудна Фејсбук страница
Овој пријател има креирано страница на Фејсубк на која ја рекламира својата „работа“ која е чудна. Или едноставно во таа „работа“ не е толку многу талентиран како што мисли дека е. Можеби сакате да ставите му лајк за поддршка, но срам ви е вашите пријатели да видат што сè лајкнувате.
11. Бебе кое го украло профилот
Откако вашата пријателка се породи, имате чувство како да исчезнала од лицето на земјата, бидејќи сè што има на нејзиниот профил се слики од бебе, па потоа уште слики од него. На сликите го има бебето како се смее, па како гледа во празно, па како открива дека може да ги стави нозете на глава.
12. Кавгаџија
Ова личност секогаш наоѓа начин да се скара со некој или да му префрли нешто на некого. Што и некој да објави тој го застапува спротивното мислење.
13. Експрес лајкер
Оваа личност лајкнува сè што ќе објавите и тоа само неколку секунди или минута подоцна. Имате чувство како да е онлајн 24 часа на ден, и нема шанси нешто да ѝ избега.