13-те најчудни закони во Австралија
Голем број земји во светот имаат доста необични и конфузни законски одредби. Некои од нив настанале уште во далечното минато, кога светот бил поинаков, додека пак други настанале кога некој направил некоја глупост, па се вовел одреден закон за во иднина тоа да не се повторува. Исклучок од ова не е ни Австралија, па во продолжение погледнете 13 необични примери за ваков вид закони кои владеат во оваа прекрасна земја.
1. Таксистите во Квинсленд мораат да држат сноп сено во својот багажник.
2. Во Викторија е забрането да ја промените сијалицата доколку не сте квалификуван електричар.
3. Баровите, според законот, мораат да ги сместат, нахранат и напојат коњите на гостите.
4. Во пабовите во Австралија нелегално е да се биде пијан.
5. Во недела попладне во Викторија е забрането да се носат тесни розови пантолони.
6. На плажата Брајтон во Мелбурн, луѓето го кршат законот ако не носат костим за капење од глава до пети.
7. На личностите под 18 години им е забрането да купуваат цигари, но може да пушат каде сакаат и колку сакаат.
8. Нелегално е да се остават клучевите во бравата на возилото без да бидат набљудувани од некој.
9. Со закон е забрането да се шета по улиците во црна облека, црни обувки и со црна боја на лицето.
10. Нелегално е да се оди по десната страна на тротоарот.
11. Забрането е да се приближувате на трупот на китот на помалку од 100 метра.
12. Во Бризбејн е забрането плукање.
13. Нелегално е да се прикривате, освен ако за тоа не постои законска причина.