13 причини зошто треба да ги сакате вашите мали гради

13 причини зошто треба да ги сакате вашите мали гради

Започнувајќи од чувствување поголемо задоволство во кревет, па сè до привлекување подобри мажи, науката вели дека вашите мали гради ви носат многу придобивки во животот. Токму затоа доколку и вие сте член на „здружението на жени со мали гради“ тогаш погледнете ги овие 13 причини кои ќе ве натераат да ги засакате вашите гради и да сте благодарни затоа што ги имате во оваа големина…

13 причини зошто треба да ги сакате вашите мали гради

1. Чувствувате поголемо задоволство во кревет

Без разлика на она што го промовира списанието Плејбој или порно ѕвездите ширум светот, малите гради си имаат свои придобивки во кревет. Истражувачите од Универзитетот во Виена откриле дека големите гради се околу 24% помалку чувствителни од малите гради. Па, што значи ова за оние со мали гради? Тие бидејќи имаат многу помалку масно ткиво во нив, многу полесно се стимулираат за време на предиграта. Повеќе движење, повеќе чувства, повеќе забава!

2. Тие прават да изгледате помладо

За тинејџерите ова можеби не се добри вести, но за оние кои се постари (и помудри) тоа е нешто што треба да се цени. Вашите мали и цврсти гради ве прават помлади! Бидејќи големите гради со тек на време свиснуваат, тоа е знак дека жената старее. Но, тоа не се случува и со вас. Слободно кажете им на момците дека сте 5 години помлади. Никој нема да забележи.

3. Свиснати гради? Тоа вам не ви е познато

Ова е нешто за што вие нема потреба да се грижите. Сè уште постои дилема дали градниците помагаат или одмагаат на ова поле, но дури и науката да докаже дека тие не се добри за градите, вас нема да ви биде толку тешко да се навикнете да живеете без нив.

4. Кошули со копчиња

Дали знаете колку им е тешко на жените со големи гради да ги одржуваат овие кошули постојано закопчани? Сигурно не знаете бидејќи вие никогаш не сте го немале овој проблем. Вашите гради не ви пречат во модниот стил и можете да облечете сè што ќе посакате без страв дека тие би можеле од некаде да излезат.

5. Мажите со добра финансиска состојба ги обожаваат

Според едно истражување спроведено од веб-сајтот „Psychology Today“, мажите кои биле во полоша финансиска состојба одбирале жени со поголеми гради, додека пак, оние кои имале повеќе пари одбирале жени со помали гради. Добри новости за вас, се согласувате?

6. Мажите на полн стомак одбираат жени со помали гради

Како продолжение на претходното истражување, се спровело друго истражување кое ја испитувало поврзаноста помеѓу „сигурноста во храната“ и преферирањето одредена големина на гради. Тие откриле дека мажите чии стомаци биле полни повеќе ги привлекувале жени со мали гради, додека пак оние кои биле гладни повеќе ги одбирале жените со големи гради.

8. Површните мажи ве избегнуваат

Според една студија мажите кои сакаат само жени со големи гради се плитки, но и сексистички. Овие мажи се повеќе привлечени од жени со големи гради, но исто така ги гледаат овие жени и како слаби и лесни за контролирање.

8. Вие сте слободни и полни со енергија

Кратка коса, танцување цела вечер, носење шминка, пиење со пријателите… Вас ништо не ве спречува да го правите она што во моментот сакате да го правите и изгледа дека секогаш сте полни со енергија за време на вашите секојдневни авантури.

9. Имате подобро држење на телото

Вие не само што не ги искусувате болките во грбот кои жените со големи гради ги чувствуваат, туку исто така имате и подобро држење на телото бидејќи ништо не ве влече кон напред. Големите гради исто така можат да создадат тензија во вратот и главоболки – 2 нешта со кои вие скоро никогаш не се соочувате.

10. Имате бескраен избор за градници

Евтини градници? Маички со вграден градник? Градник од чипка кој нуди минимална поддршка? Оној светло розов градник за тренинг кој ви фатил око? Нема проблем. Каков градник и да забележите, вие секогаш ќе можете да го најдете во вашиот број. Или пак, не сакате да носите градник? И тоа е во ред. Никој нема ни да забележи.

11. Вие сте во добро друштво

Кејт Мос, Камерон Дијаз, Мила Кунис, Оливија Вајлд, Гвинет Палтроу… Вие сте член на оваа жешка линија девојки кои имаат млади гради и кои одлично изгледаат.

12. Тие ве одржуваат здрави

Сигурно досега веќе ги засакавте вашите мали гради, но дали сте знаеле дека тие исто така можат и да ви го спасат животот? Малите гради можат да ја спречат појавата на рак на дојки бидејќи многу лесно можете да забележите грутка при испитувањето.

13. Летниот период е како измислен за вас

Без ракави, гол грб, кошули, рамен топ и најважно од сè, кое било бикини! Вие немате потреба од неколку слоеви облека кои ќе ви ги држат градите на место и можете да уживате во летните денови со само едно парче облека на вас. Дури и џогингот не ви претставува никаков проблем бидејќи вашите гради едноставно нема накаде да се движат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. dsiofmfr Reply

    posakuvam i jas da imav mali gradi 😀 ;D

Остави коментар