13 познати фаци родени на петок 13-ти
Погледнете кој од познатите имал среќа да се роди на еден од „најнесреќните“ денови во годината 🙂 :

1. Нејтан Бедфорд Форест – петок, 13 јули, 1821 година (поранешен американски генерал, трговец со робови и еден од лидерите на Кју Клукс Кланот)

2. Боб Крејн – петок, 13 јули, 1928 година (американски актер, познат по неговата улога како полковник Кол Хоган во ТВ серијата „Хероите на Хоган“)

3. Диди Кон – петок, 13 јули, 1951 година (американска актерка, најпозната е по нејзината улога како Френчи во филмот „Брилијантин“)

4. Фидел Кастро – петок, 13 август, 1926 година (поранешен претседател на Куба и генерален секретар на Комунистичката партија на Куба)

5. Алфред Хичкок - 13 август, 1899 година (британски режисер)

6. Стив Бушеми – петок, 13 декември, 1957 година (американски актер, писател и филмски режисер)

7. Кристофер Пламер – петок, 13 декември, 1929 година (канадски актер)

8. Џулија Луис-Драјфус – петок, 13 јануари, 1961 година (актерка, најпозната по нејзината улога како Елејн Бенес во ТВ серијата „Сајнфилд“)

9. Питер Торк – петок, 13 февруари, 1942 година (музичар, актер и член на поп-групата „The Monkees“)

10. Семјуел Бекет – петок, 13 април, 1906 година (ирски писател, драматург и поет)

11. Буч Касиди – петок, 13 април, 1866 година (познат американски гангстер)

12. Дон Адамс - петок, 13 април, 1923 година (американски актер, најпознат по неговата улога како Максвел Смарт (Агент 86) во ТВ комедијата „Get Smart“)

13. Дариус Рукер - петок, 13 мај, 1966 година (американски музичар, фронтмен на рок групата „Hootie & the Blowfish“)
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.