13 помалку познати факти за ботоксот
Во светот постојат илјадници различни третмани, козметички производи и процедури за нега на лицето, но едно нешто цело време останува присутно – ботоксот. Се добива од отровот што го лачи една бактерија, наречен ботулински отров. Речиси и да не постои личност која не чула за овој популарен третман за „пеглање“ на знаците на стареење, а некои се колнат во тоа дека токму ботоксот е ефикасен третман во борбата против мигрените. Па, да дознаеме нешто повеќе за него, нешто што не е толку познато.
1. Го користат повеќе луѓе отколку што може да претпоставите
Третманот со ботокс е најпопуларната нехируршка интервенција уште од 2000 година. До 2015-та година се изведени околу 4 милиони процедури.
2. Најпрво бил користен во медицината
Во 70-тите и 80-тите бил користен како медицински третман за страбизам (заслабнување на очниот мускул), а потоа се применувал и за третирање грчеви во лицето и вратот.
3. Откриен е сосема случајно
Козметичките својства се откриени сосема случајно. При третмани на страбизам и на двојно гледање, пациентите на очните лекари често им се заблагодарувале што нивните брчки се поплитки или целосно измазнети. Така и започнала познатата процедура на разубавување, а првичната намена речиси и да е веќе заборавена.
4. Доволно е истражен и медицински и научно
Ниту еден друг продукт не бил толку долго и интензивно истражуван, како што е ботоксот. Постои долго време на пазарот и е безбеден и ефикасен.
5. Во САД третманите се покриени со здравственото осигурување, но не во сите случаи
Од 2002 година, ботоксот влегува на листата на третмани кои се покриени со здравственото осигурување, но само кога се во прашање третманите во делот меѓу веѓите, линијата над очите и против потење под пазувите.
6. Постојат повеќе нестандардни процедури
Освен за мазнење на брчките и против потење, ботоксот може да се користи и за да се намали потењето на кожата на главата, за корекции на носот, за намалување на брчките кои се создаваат со смеење, за контрола на масноста на кожата, за намалување на видливите пори… Листата е долга.
7. Навистина е ефикасен против потење
Ботоксот го намалува лачењето на пот во критичните зони, како што се главата, пазувите, дланките и делот под градите. Се вбризгува директно во жлездите кои предизвикуваат потење, во комбинација со невромодулатори.
8. Ефикасен е и за мигрени
Многумина тврдат дека ботоксот е ефикасен третман против мигрени. Според докторите, дури и најсилната мигрена може да биде запрена со само неколку третмани. Постојат многу сведоштва за целосна промена на животот кај луѓето кои страдаат од мигрени, но уште не е познато како точно дејствува ботоксот во овој случај.
9. Постојат и измами и непрофесионалци
Колку што е ботоксот популарен, толку се чести и случаите на несакани ефекти поради неправилно инјектирање. Некогаш, тоа може да предизвика трајни естетски оштетувања. Најбезбедно е кога го нанесува сертификуван доктор кој во исто време е или дерматолог или естетски хирург или оториноларинголог или офталмолог.
10. Повеќе не значи и подобро
Секој човек е различен, па така и количината на ботокс која е потребна за третман зависи од самата личност. Преголема количина подобро измазнува, но во такви случаи се појавува недостаток на фацијална експресија.
11. Третманот е универзален
Кога е изведен од професионалец кој користи само чист препарат, ботоксот може да се користи кај сите тонови на тенот, без ризик од дисколорации и лузни. Може да го користат и мажи и жени и не е ограничен само за одредени географски поднебја.
12. Отоците не се смируваат веднаш
Потребно е најмалку три дена, а понекогаш и седум за да може да се смири отеченоста на третираниот дел, но откако ќе се повлече, резултатите траат и по неколку месеци.
13. Променети се ставовите и примената
Некогаш пациентите сакале поголема количина, макар тоа да значи и дека нема да можат да се насмевнат со месеци. Но, денеска ботоксот се користи доста поразумно, во помали количини, распоредени на различни делови од лицето. На тој начин се постигнува релаксација на фацијалната мускулатура, наместо нејзина парализа.
Дознајте и кои се придобивките и негативните последици од ботоксот.