Претходно
13 пати кога аниматорите на Дизни требаше да добијат медал за својата напорна работа што никој не ја забележува
Денес, Дизни дефинитивно се обидува да ги достигне ѕвездите обрнувајќи големо внимание на квалитетот на своите анимации и трошејќи милиони за многу ситни детали. Но, ретко кој ги забележува повеќето од нив, а сите тие придонесуваат да имате незаборавно искуство и ви помагаат да заборавите на реалниот свет веднаш штом ќе го вклучите филмот кој не сакате да заврши. Погледнете ги овие детали во цртаните филмови на Дизни што уште еднаш докажуваат дека аниматорите се генијалци.
1. Во „Замрзнатото кралство 2“, во очите на ликовите можете да го видите одразот на она што тие го гледаат
2. Исто така, видливи се сите детали, шевови и текстури на облеката
3. Во „Принцезата и жабата“, тапетите ја прикажуваат вистинската природа на ликот
4. Во „Зоотропола“, пешачкиот премин има шари од зебра
5. Во „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“, скулптурите од олуците имаат дамки од вода на нив
6. Во „Златокосата и разбојникот“, можете да го видите одразот на Рапунзел во очите на Флин за време на сцената со испрашувањето
7. Доларите во „Зоотропола“ имаат елен на нив
8. Во „Замрзнатото кралство“, профилот на Елза е врежан на монетите. Исто така, погледнете ги деталите на масата – има дури и гребнатини
9. Во „Ваијана“, кога Мауи се претвора во получовек и полуајкула, неговата тетоважа станува хибридна
10. Во „Херкул“, посветено е многу внимание на сенките. Има сенка на огнот на ќелавата глава на Хад
11. Во „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“, кога Фроло се врти кон маскираните фигурите за време на песната „Hellfire“, светлината околу него е во форма на ковчег
12. Во „Аладин“, кога Јасмин ќе украде јаболко, продавачот ја фаќа за раката и ѝ ја става на масата. На масата има гребнатини што покажуваат дека тој отсекол многу раце за кражба на овошје
13. Во „Замрзнатото кралство“, кога Ханс разговара со Елза во студената зандана, тој испушта пареа. Елза не испушта затоа што таа е снежна кралица и студот не ѝ пречи
Погледнете ја првата колекција венчаници инспирирана од принцезите на Дизни.