13 онлајн курсеви кои не чинат многу, а ќе ви помогнат да научите нешто ново оваа година
Бидејќи 2017 година сѐ уште е на почетокот, не е доцна да си поставите одредени цели. Во тоа може многу да ви помогне платформата Udemy, која на својот веб-сајт нуди повеќе од 17.000 часови, а секој од нив за само 10 долари (580 денари). Оваа понуда завршува на 14-ти март, па затоа треба да побрзате и да изберете некои од нивните онлајн курсеви кои ви ги нудат. Во продолжение погледнете 13 предлози кои ќе ве мотивираат да почнете повеќе да вложувате во себе.
1. Бизнис администрација
Преку овој курс студентите ќе научат микро и макро економија, како да ги ценат компаниите и која е основата за тоа како работат инвестициските банки и фирмите за консултација. Во прилог на ова, заинтересираните ќе научат и за важноста на личните врски и професионалните презентации. Целиот курс чини 10$, а редовната цена му е 200$. (Користете го кодот: CHANGEIT)
2. Целосен курс за развој на веб-сајтови и мобилни апликации
За оние кои би сакале да започнат со дизајнирање сопствен веб-сајт и мобилни апликации, ова е вистинското место. Дури и оние кои се сосема нови во овој домен, ќе бидат во можност да научат многу за време на предавањата кои траат само 6 недели. И овој курс ќе го добиете за 10$, а оригиналната цена му е 200$. (Користете го кодот: CHANGEIT)
3. Станете исклучителен писател
Пишувањето е важна вештина, без оглед на доменот во кој работите. Без разлика дали одржувате свој веб-сајт или пак едноставно сакате да го подобрите изразувањето во вашите пораки, овој курс ќе ве научи на совети и трикови дадени од професионалните писатели. Курсот ќе го добиете за 10$, а оригинално чини 200$. (Користете го кодот: CHANGEIT)
4. Совладување на Ексел
Ако знаете како да го користите, Ексел најверојатно е најмоќната алатка на вашиот компјутер. Овој курс е наменет за оние со основно разбирање на програмата што сакаат да научат како да направат табеларни пресметки. Овој курс ќе го добиете за 10$, а оригинално чини 200$. (Користете го кодот: CHANGEIT)
5. „Ruby on Rails“
Станува збор за рамка на веб-апликација напишана во Ruby, програмски јазик кој го користат многу врвни сајтови за создавање на нивните веб-апликации, вклучувајќи го и Твитер. Овој курс е наменет за почетници, а повторно ќе го добиете за 10$, иако неговата нормална цена е 195$. (Користете го кодот: CHANGEIT)
6. Изградба на личен бренд
Во многу индустрии, силниот и важен бренд е важен дел за напредувањето во кариерата. Инструкторот Гери Вајнерчук три пати е прогласуван за најпродаван автор од страна на Њујорк тајмс и има своја медиумска компанија, па можете да бидете сигурни дека неговиот курс е полн со мудри совети. Овој курс ќе го добиете за 10$, а оригинално чини 100$. (Користете го кодот: CHANGEIT)
7. Целосен курс за iOS 10 програмирање
Ако ви е здодеано да гледате едноставни апликации, тогаш ова е вистинскиот курс за вас. Научете како да дизајнирате и да создадете апликации за iOS 10, дури и ако немате претходно знаење. Овој курс чини 10$, а неговата нормална цена е 200$. (Користете го кодот: CHANGEIT)
8. Научете брзо да читате и да ја подобрите меморијата
Овој курс се фокусира на читањето и на мемориските вештини, со цел да научите како да работите попаметно, наместо подолго. Овде студентите најпрво ќе научат да читаат побрзо, а потоа и како да ги задржат сите тие нови информации. Овој курс можете да го следите за 10$, а оригинално чини 145$. (Користете го кодот: CHANGEIT)
9. JavaScript: Разбирање на чудните делови
На оние кои имаат основно познавање од JavaScript, овој курс ќе им покаже трикови и финти кои им се потребни за подобро работење. Тука ќе можете да научите како побрзо да најдете грешки во вашиот код и да добиете подлабоко разбирање на одредени затскриени опции. Овој курс ќе го добиете за 10$, а оригинално чини 175$. (Користете го кодот: CHANGEIT)
10. Комплетен водич за фотографирање
Претворете го вашето хоби за фотографирање во бизнис, така што ќе научите некои напредни техники за фотографирање и уредување. Овој курс е наменет за обожавателите на фотографиите на сите нивоа, без разлика дали сте на некое веќе понапредно ниво или пак само што започнувате. Овој целосен водич за фотографирање можете да го добиете за 10$, а оригинално чини 50$. (Користете го кодот: CHANGEIT)
11. Пајтон програмирање
Пајтон е јазик за скриптирање, како JavaScript, но тие имаат разлики помеѓу нив во однос на синтаксата и извршувањето. Од страна на многумина, Пајтон се смета за еден од поедноставните јазици за кодирање што се однесува до учењето, затоа што става помал акцент на синтаксата, во споредба со другите јазици. Овој курс ќе го добиете за 10$, а оригинално чини 125$. (Користете го кодот: CHANGEIT)
12. Маркетинг на социјални медиуми
Ако водите каков било бизнис во денешно време, неопходно е да бидете присутни и на социјалните мрежи. Знаењето како да се претставите себеси и да комуницирате со вашата публика, е од суштинско значење за промовирање на вашиот бизнис и одржувањето мрежа на клиенти. Овој курс има за цел да ги запознае оние кои сѐ уште имаат мало познавање од социјалните медиуми, надвор од личната употреба, па да ги донесе до точка каде што целосно ќе може да управуваат со својата веб-страница за бизнисот. Овој курс ќе го добиете за 10$, a оригинално чини 299$. (Користете го кодот: CHANGEIT)
13. Веб-дизајн и Фотошоп
И покрај тоа што во денешно време лесно е да се одржува еден веб-сајт, сепак постојат голем број сајтови кои не изгледаат доволно добро за да се претстават пред професионалците. Овој курс им помага на оние кои или сакаат да изградат свој веб сајт или да започнат кариера во овој домен. Овој курс ќе го добиете за 10$, а оригинално чини 199$. (Користете го кодот: CHANGEIT)