13 неверојатни жени за кои можеби не сте слушнале во 2017-та година

13 неверојатни жени за кои можеби не сте слушнале во 2017-та година

На некој начин, 2017-та ја обележаа многу силни жени и девојки, за кои можеби и не сте чуле досега. Имајќи го тоа на ум, во продолжение погледнете 13 силни и неверојатни жени од минатата година кои се прославија со нивната храброст и упорност.

1. Кетрин В. Хари

(1)13-neverojatni-zheni-za-koi-mozhebi-ne-ste-slushnale-vo-2017-ta-kafepauza.mk

Хари направила популарен блог и влог во Камбоџа каде што зборува за женското здравје, онлајн малтретирањето, сексуалното здравје и стандардите за убавина. Некои од темите се табу во нејзината држава, а традиционалните полови улоги сè уште претставуваат норма.

„Ниту една личност од Камбоџа го нема направено ова. Луѓето ги гледаат реакциите кои ги добивам и се плашат од тоа. Не е најпријатно да го добивате целото тоа малтретирање и негативност.“

Таа сепак има многу млади фанови, а нејзиното видео за женската невиност има над 2 милиони прегледи. Се надева дека еден ден ќе основа своја фондација.

2. Микајла Холмгрен

(2)13-neverojatni-zheni-za-koi-mozhebi-ne-ste-slushnale-vo-2017-ta-kafepauza.mk

Оваа 22-годишна девојка е првата жена со Даунов синдром која учествувала во натпревар за убавина. Покрај тоа, таа освоила и две награди.

„Бев шокирана и во солзи. Од натпреварите за посебни потреби стигнав до најголемиот натпревар на светот. Тоа е лудо.“

Микајла била инспирирана да се пријави откако победила на натпревар за убавина за лица со посебни потреби во 2015-та година. Таа е и танчарка и сака да му докаже на светот дека и жените со Даунов синдром можат да направат сè што ќе посакаат.

3. Даница Роем

(3)13-neverojatni-zheni-za-koi-mozhebi-ne-ste-slushnale-vo-2017-ta-kafepauza.mk

32-годишната Роем е првата трансродна личност која е избрана да биде дел од законодавната власт во САД. Таа го победила републиканецот Боб Маршал кој е против хомосексуалноста со 54% од гласовите. Тој дури ја нарекувал и маж кој оди против природните закони на Бог. Сепак, Роем не се грижи многу за овие напади.

„Јас сум голема девојка, можам да се грижам за себе.“

4. Захра Ноури

(4)13-neverojatni-zheni-za-koi-mozhebi-ne-ste-slushnale-vo-2017-ta-kafepauza.mk

Захра се прослави по тоа што го водеше иранскиот рагби тим додека се грижеше за своето бебе. Таа работи и со Setaregan RFC, тим од главниот град Техеран.

5. Хејли Џоунс

(5)13-neverojatni-zheni-za-koi-mozhebi-ne-ste-slushnale-vo-2017-ta-kafepauza.mk

Ова 7-годишно девојче има рака направена со 3Д печатач и е на пат да стане познат бејзбол играч. Хејли добила многу понуди од големи спортски тимови откако се прославила нејзината цел. Досега го направила првото фрлање во 7 игри, од кои 4 биле на светското финале во 2017-та година.

6. Ребека Синохара

(6)13-neverojatni-zheni-za-koi-mozhebi-ne-ste-slushnale-vo-2017-ta-kafepauza.mk

Ребека е иден инженер и има само машки пријатели бидејќи таа е единствената девојка на нејзиниот факултет. Сепак, наместо да се откаже од деверици, таа решила да ги земе работите во своите раце. Таа и нејзините машки пријатели направиле неверојатна серија фотографии каде што пријателите глумат деверици.

„Кога невестата нема женски пријателки, време е да им се обрати на пријателите. Ова им се случува на девојките кои учат компјутерско инженерство.“

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар