13 најлоши сценарија кои ќе ви бидат познати доколку работите во канцеларија
Оставивте одличен впечаток на интервјуто за работата која ја посакувавте и конечно се вработивте. Со тоа станавте дел од корпоративната машина во општеството и вашите денови почнаа да изгледаат исто од 8 до 16 часот. На почеток ви беше интересно да имате своја канцеларија, состаноци со менаџерот секој понеделник, проекти со странски клиенти кои ви претставуваа предизвик.
Уживавте да одите на долги ручеци со вашите нови колеги и на забави после работното време секој петок. Меѓутоа, по одреден период станавте презаситени од ваквиот начин на живот. Сè уште си ја сакате работата, но секојдневно ви се случуваат некои работи кои едноставно ве вадат од кожа…