13 морничави теории за универзумот што ќе ве држат будни навечер
Иако живееме во него, сè уште постојат премногу работи кои не ни се познати за нашиот универзум. Дури и со толку малку информации сепак има многу научни теории за просторот и времето кои се обидуваат да ги објаснат мистериите на универзумот. Но не се сите пријатни. Некои од нив се застрашувачки и само ни нагласуваат колку всушност сме сами во оваа празнина која ја нарекуваме вселена.
Сигурно си помислувате дека се само теории, но тоа што ќе го прочитате во продолжение доаѓа од најголемите умови во космологијата и физиката. Овие луѓе добро знаат за што зборуваат, а тоа што имаат да го кажат не е секогаш убаво. Па, седнете и подгответе се да погледнете во празнината.
1. Големата експлозија дошла од веќе постоечки универзум
Според теоријата на струните, не би требало да има само еден универзум, туку многу од нив. Како бил создаден нашиот? Па, се верува дека Големата експлозија настанала како резултат на уништувањето или судирот на други универзуми. Дали тоа го прави нашиот универзум помалку посебен? Секако, но гледајте на добрата страна – ако оваа теорија е точна, тоа значи дека не сме толку осамени како што мислевме.
2. Белите дупки најверојатно постојат
Секој слушнал за црни дупки, но изгледа постојат и спротивни на нив. За разлика од нивните мрачни „братучеди“, до белите дупки не може да се пристапи бидејќи светлината и материи постојано излегуваат од нив. Најморничавиот дел од оваа теорија е прашањето од каде всушност доаѓа таа светлина и таа материја? Дали белите дупки се излези од црните?
3. Времето буквално истекува
Додека некои научници веруваат дека експанзијата на универзумот се забрзува, некои мислат дека далечните небесни тела само така ни делуваат бидејќи гледаме наназад во времето за да ги видиме (запомнете, на светлината ѝ е потребно време да стигне до нас). Па, тоа значи дека тие се движеле побрзо во минатото отколку сега… што значи дека времето забавува. Колку всушност забавува? Не се знае – но ако оваа теорија е точна може да забави до застанување.
4. Постои равенка која пресметува колку сме сами во универзумот
Доктор Франк Дрејк сакал да знае со колку вонземјански цивилизации би можеле да комуницираме, па во 1961 ја создал Дрејковата равенка (The Drake Equation). Taa го проценува бројот на цивилизации со кои би можеле да стапиме во контакт. Бидејќи равенката користи „образовани претпоставки“ како параметри, невозможно е да се добие точен број.
5. Еве што се случува ако „паднете“ во црна дупка
Црните дупки се навистина чудна појава. Што повеќе се доближувате до центарот, толку повеќе времето и просторот стануваат бесмислени. Теоријата е дека би лебделе во ништо засекогаш или би биле разделени на најмали делчиња. Како и да е, сигурно нема да поминете како Метју Меконахи во филмот „Интерстелар“ (Interstellar).
6. Првото нешто што вонземјаните би го виделе од човештвото е Хитлер
Карл Саган бил визионер кој го благословил светот со неговата интелигенција и имагинација. Во неговата книга „Контакт“ (Contact), тој поставил теорија дека првото нешто што вонземјаните би го виделе од нас е Хитлер. Всушност, првиот емитуван сигнал кој бил доволно силен да ја помине атмосферата на Земјата бил говорот на Хитлер на Олимписките игри во Берлин, во 1936 година. Па, веројатноста е голема дека ова ќе биде првиот сигнал кој вонземјаните би го примиле.
7. Венера ќе стане како Земјата поради климатските промени
Земјата и Венера се нарекувани „близначки разделени по раѓањето“. Имаат многу слична големина, маса, состав… но, само едната има услови за живот додека другата е огромна пустелија. Причината е тоа што атмосферата на Венера најмногу содржи јаглерод диоксид, кој ја загреал нејзината површина од 465 степени Целзиусови. Како што сигурно веќе знаете, луѓето се навистина загрижени за порастот на нивото на јаглерод диоксид и на Земјата.
8. Универзумот е компјутерска симулација
Според оксфордскиот филозоф Ник Бострум, има големи шанси „Матрицата“ навистина да постои. Тој верува дека многу напредна цивилизација, со доволна компјутерска моќ, би можела да направи симулација толку сложена за во неа да се креираат вештачки умови, сите закони на физиката и сè останато во нашиот универзум. Во овој момент можеби сте само комплексен сет од единици и нули.
9. Нашиот универзум е џамлија
„Луѓе во црно“ (Man in Black) е чуден филм, но ништо не е почудно од неговиот крај. Камерата се повлекува низ целиот универзум за на крајот да открие дека е џамилја со која си игра некој вонземјанин.
10. Универзумот е толку голем, што никогаш нема да сретнеме друга цивилизација
Има многу планети во универзумот. Толку многу што статистички кажано, вонземскиот живот мора да постои во која било форма. Но ако ова е вистина, каде е? Па, Фермиевиот парадокс (The Fermi Paradox) го зема предвид ова несовпаѓање и поставува теорија дека или е многу потешко да се создаде живот отколку што мислиме, или постоел друг живот, но бил уништен со текот на времето. И во двата случаи, ние сме премногу осамени.
11. Универзумот ќе се распадне
Според една студија, постоењето на темната енергија во универзумот може да значи дека имаме околу 10 милијарди години пред универзумот да се распадне сам од себе. Изгледа дека ширењето е многу поголемо отколку што мислевме, што значи дека евентуално ќе стане преголемо и ќе се сруши.
12. Универзумот ќе се распарчи
Наместо да се распадне, друга теорија за крајот на универзумот е дека ќе се рашири толку многу што евентуално ќе се распарчи. Од галаксиите и сончевите системи, па сè до атомите – сè ќе биде распрачено. Ако ова навистина се случи, бидете среќни бидејќи е далеку од сега.
13. Пред Големата експлозија немало ништо
Да, буквално ништо. Според Стивен Хокинг, ако ова е вистина, универзумот не може ни да биде составен, ниту пак да биде уништен. Едноставно само постои. Морничавиот дел – ако немало ништо пред Големата експлозија, колку долго траело тоа пред да настане универзумот? И вие мислевте дека е тешко да ја чекате новата сезона од омилената серија…
Прочитајте ги и најголемите нерешени мистерии за универзумот!