13 контрадикторни работи кои секоја жена ги прави
Жените се чудни битија, само тоа може да кажеме. Некои контрадикторни работи ќе продолжиме да си ги правиме без разлика на сè, а ова се само некои од нив.
1. Озборување на другите, но „плукање“ по оние кои озборуваат
Што всушност зборува тоа за тебе?
2. Кукање колку си дебела, но не преземање ништо околу тоа
Со кукање не се слабее.
3. Луд шопинг, па кукање дека немаш пари
Ако си купила 10 работи кои веќе ги имаш или воопшто не ти требаат, немој потоа да се жалиш дека немаш пари за нешто што ти треба.
4. Демнеење на неговите бивши за да се споредиш
Прашање: Дали некогаш по нешто вакво си се чувствувала подобро?
5. Зборување лошо за неговата нова девојка, но и се споредуваш со неа
Постојат очигледни причини поради кои не сте веќе заедно, па зошто и понатаму си ја тупиш главата каде и со кого е тој во моментов?
6. Одбивање на сите момци околу себе, па жалење дека си сингл
Ова мириса на превисоки критериуми. Меѓу нив сигурно постои барем еден кој заслужува еден состанок со тебе.
7. Негирање на зависноста од Инстаграм, но поминување на денот токму таму
И не ти е гајле колку лајкови имаш на сликата, само едноставно мораш цело време да проверуваш.
8. Негирање дека не се грижиш што прават другите, но непрестајно кликање рифреш на Фејсбук
Ммм… да.
9. Болна си, но излегуваш со другарките
Сакаш да ти биде подобро? Ако одговорот е потврден, излегувањето и алкохолот не се лек, барем не кога станува збор за настинка.
10. Постојано приговарање на момчето, па потоа чудење зошто си повторно сама
Никој тоа нема да го трпи.
11. Зборување како мразиш женски серии, но си ги гледала сите
Исто како што не можеш да ги смислиш семејството Кардашијан, но сите ги следиш на Твитер.
12. Од понеделник почнуваш да се храниш здраво, но…
За викенд ги посетуваш сите фаст фуд ресторани и слаткарници во градот.