13 изненадувачки оброци што можете да му ги давате на вашето куче
Луѓето кои имаат миленичиња многу често се соочуваат со дилемата дали од својата храна да му дадат на своето верно пријателче. Најверојатно и вам ова често ви се случува, само што ќе завршите со вечерата или уште додека јадете, до вас да стои вашето куче кое тажно ве гледа и сака да му дадете од вкусниот оброк. Тогаш се прашувате дали неговиот организам ќе може соодветно да поднесе некое од вашите омилени јадења. Одговорот е дека најверојатно нема, но сепак има храна којашто кучињата можат слободно да ја јадат.
1. Лубеница
Во жешките летни денови никому не треба да му биде скратено задоволство од ова неверојатно сочно и забавно овошје. Затоа почестете го вашето куче со едно парче зрела лубеница, но претходно исчистете ги семките.
2. Леб
Лебот е добар за нивниот стомак.
3. Сирење
Претходно уверете се дека вашето пријателче не е алергично на лактоза.
4. Конзервирана тиква
Тиквата е полна со хранливи влакна, но не додавајте шеќер или други зачини.
5. Моркови
Претходно обарете ги малку, затоа што така вашето куче полесно ќе ги апсорбира квалитетните состојки.
6. Зелена боранија
Малку зеленило не е на одмет.
7. Мед
Може да ги ублажи симптомите на алергија.