13 интересни детали од животот на Бил Гејтс
Бил Гејтс е познат како еден од најбогатите луѓе на светот и голем филантроп. Овие факти за него се помалку познати.
1. Својата прва компјутерска програма ја напишал во раните тинејџерски години. Тоа била верзија на играта ХО.
2. Кога раководството на неговото училиште видело колку е надарен, му доделило задача да изработи програма која ќе ги распореди учениците по класови. Се разбира, тој „случајно“ се паднал во клас со многу девојки.
3. Се запишал на престижниот Харвард, но во 1975 година ги напуштил студиите со цел да се посвети на неговата новоотворена фирма Мајкрософт.
4. Две години подоцна бил уапсен во Мексико затоа што возел без возачка дозвола и поминал на црвено светло.
5. До 1997 година изнајмувал авиони, а оттогаш има свој приватен авион.
6. Тој поседува дел од списите на Леонардо Да Винчи. Ги купил на аукција во 1994 година за нешто над 30 милиони долари.
7. Иако има богатство од 80 милијарди долари, тој вели дека на секое од децата ќе му остави само по 10 милиони „за да не ги расипе“. Истовремено тој донира милијарди низ цел свет преку својата хуманитарна фондација.
8. Тој не зборува ниту еден странски јазик. Вели дека жали за тоа.
9. На САТ тестот, кој е нешто како матурата кај нас, од можните 1.600 поени тој извадил 1.590.
10. Покрај со хуманитарната работа, Бил Гејтс и понатаму се бави со истражувања. Во моментов е окупиран со „Личниот агент“, програма која би требало сè да памети и да им помага на луѓето.
11. Вели дека и да му пропаднел Мајкрософт на почетокот, тој сепак би се бавел со истата работа.
12. Ја сака и ја истражува вештачката интелигенција, но ја смета и за потенцијална закана за човештвото во иднина.
13. Негови омилени бендови се Визер и У2.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.