13 идеи и трикови кои ќе ви го олеснат животот
Никогаш не е доцна да научите неколку трикови и идеи кои ќе го олеснат вашиот живот. Затоа денес со вас споделуваме 13 мали трикови кои ќе ви бидат од голема корист. Погледнете за кои станува збор и ќе останете зачудени, бидејќи можеби до сега некои работи сте ги правеле на потешкиот начин.
1. Многумина од нас сакаат да јадат тестенини и секако, тие мора да биде свежо зготвени. Меѓутоа, кога се жешки, а вие сте нестрпливи, сè што треба да направите е да ја ослободите средината на чинијата, односно да направите круг од тестенините. Зошто? Затоа што на овој начин тие многу побрзо ќе се изладат.
2. Имате малку време за да ја наполните батеријата на телефонот, а многу ви е важно таа да се наполни до крај? Најпрво, ставете го телефонот на „авионски режим“, а потоа ставете го на полначот.
3. Не успеавте да го изладите пијалакот, а гостите веќе пристигнаа? Доколку во фрижидерот имате мраз, само истурете го во некој сад, додајте скоро иста количина вода и по две лажички сол на секој литар вода. Потопете го шишето и ќе забележите дека доста брзо ќе се излади.
4. Никако не можеме да отидеме на плажа без нашиот мобилен телефон, но сепак, рацете ни се постојано влажни или масни од лосионот за сончање, а за песокот воопшто да не зборуваме. Но, решението е доста едноставно. Доколку го ставите вашиот телефон во зип кеса, можеби нема да изгледате атрактивно, но секако ќе го сочувате од секакви оштетувања.
5. Доколку имате голем број клучеви и никогаш не можете да го пронајдете соодветниот клуч за соодветната брава, тогаш послужете се со овој мал трик. Сè што треба да направите е да се послужите со лакот за нокти и проблемот е решен.
6. Доколку имате доста работа во вашиот дом, а немате доволно време да испеглате одредени парчиња облека, секогаш можете да се послужите со следниов трик. Потребна ви е и машина за сушење на алишта, па доколку во облеката, која не е премногу, ќе ставите 3 коцки мраз и ќе ги оставите да се сушат 15 минути, крајниот резултат ќе ве спаси од пеглање.
7. Под лавабото секогаш има неред, бидејќи овде најчесто се чуваат поголемиот број од средствата за чистење. Послужете се со пластична шипка и на неа закачете ги сите средства за чистење, а сите кутии во кои стојат крпите и сунѓерите наредете ги во една поголема.