13 грешки кои секоја жена треба да ги направи

13 грешки кои секоја жена треба да ги направи

Како инаку би можеле нешто да научиме? Погледнете ги следниве 13 грешки кои секоја жена треба да ги искуси на своја кожа со цел да научи лекција која понатаму ќе ѝ биде многу корисна во животот…

13 грешки кои секоја жена треба да ги направи

1. Љубовен состанок со момче кое очајно се обидува да изгледа кул. Тој ќе предизвика да ги почитувате повеќе оние кои се опуштени.

2. Носење погрешна облека на интервју за работа. Многу едукативно.

3. Готвење сложен рецепт кој во никој случај не сте способни да го направите. Добриот готвач поминува низ низа неуспеси од кои подоцна учи.

4. Бразилска депилација. Која никогаш нема да ја повторите.

5. Купување скап, но неверојатен фустан кој нема да мрдне од вашиот шкаф. Секогаш кога ќе го погледнете се потсетувате дека тој едноставно не одговара на вашиот стил и го користите како причина да не направите повторно такво непромислено купување.

6. Правење фризура која е во тренд. Не сите изгледаат добро со розова боја на косата.

7. Љубовни состаноци со „лошо момче“. Изгледа дека господинот Совршен навистина треба да биде фин.

8. Работење барем една работа која е целосно погрешна за вас. Таа само ќе ви помогне подобро да дознаете во која насока сакате да ја терате вашата кариера.

9. Правите забава и ги оставате сите нечисти садови во лавабото кога ќе си легнете. Сабајлето ја сфаќате грешката и веќе никогаш нема да ја повторите.

10. Претерано дотерување. Можеби сте ја згрешиле модната комбинација, но сепак сте изгледале подобро од сите останати.

11. Обид за природно породување. За некои луѓе тоа можеби е вистинскиот избор. Но, сега барем знаете дека вие не сте една од тие жени.

12. Носење слатко и бело фустанче со 7-месечно бебе. Два збора: зелена повраќаница.

13. Не ја слушате вашата мајка. Животното искуство нè научило дека постои причина, како и сочувство зад секоја лекција која нашата мајка некогаш ни ја кажала, а тоа е дека била во право.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар