13 цитати од Сунѓерот Боб Панталоновски според кои треба да го живееме животот
Сунѓерот Боб Панталоновски е анимирана серија која одбележа многу детства и која сѐ уште го држи интересот и кај возрасните. Таа содржи толку многу скриени мудрости и филозофии, така што би било многу тешко да се издвојат сите моменти, но затоа тука се интернетот и социјалните мрежи за да нè потсетат на генијалноста спакувана во „Сунѓерот Боб Панталоновски“ и да ни ги претстават најпознатите мисли и цитати кои можат да ни послужат како животни совети.
1. Сите ние сме метафори
„Ти не ме исплатуваш. Ние не ни постоиме. Ние сме само една паметна визуелна метафора која го персонифицира апстрактниот концепт на мислата.“
„Уште еднаш полуди вака и ќе те отпуштам.“
„Не! Те молам! Имам три деца!“
2. Ѓубрето на еден човек е богатство за друг
Сунѓерот Боб: „Чипсот од школки сигурно не е вкусен!“
Патрик: „Не на начинот на кој јас го користам!“
3. Сѐ е само една голема тајна
„Не е тајна што најдобрата работа за тајните е кога потајно ќе ја кажеш некому својата тајна, при што потајно ќе додадеш уште една тајна на нивната тајна колекција на тајни. Потајно!“ – Сунѓерот Боб.
4. Сѐ може да биде инструмент ако доволно се трудиш
„Дали мајонезот е инструмент?“ – Патрик.
5. Клучните елементи за среќен живот се јадење и дишење
„Изгледа сѐ што знае да прави е само фино да јаде… и да дише!“
6. Храната е всушност сѐ
„Го изеде моето единствено јадење и сега ќе прегладнам“ – Патрик.
7. Утре е само уште едно вчера
Лигњон Пипало: „Зошто да работиш денес кога можеш да го направиш тоа утре?!“
Г-дин Ратко Рак: „А, што е денес ако не вчерашното утре?“
8. Убавината е во очите на школката
„Еднаш си беше една грда школка. Беше толку грда што сите умреа. Крај.“
9. Кога се сомневаш, послушај го твојот инстинкт
„Се чувствувам како некој да сака да ми каже нешто!“
10. Јазикот е моќно средство. Користи го мудро!
„Отмени, софистицирани суштества како нас не треба да си ги валкаат устите со пцуење“ – Патрик.
11. Секогаш имај по некој трик во ракавот
Патрик: „Ајде да се собуеме голи!“
Сунѓерот Боб: „Не, да го зачуваме тој спектакл за оној момент кога ќе продаваме недвижнини.“
12. Не барај дозвола за да ги направиш работите, туку едноставно направи ги
„Не ти треба возачка дозвола за да возиш сендвич.“
13. Ако сѐ друго пропадне, јади чоколадо
„Дојди ваму ти мрзливке и почни да ме масираш со чоколадото!“ – таа старата жена риба.