13 чудни даноци од разни држави за кои веројатно немате слушнато
Данокот за брада во Русија, данокот за вдовици во Англија, данокот за сол во Франција… историјата на цивилизацијата има видено многу чудни и необични закони за оданочување. На оваа листа ќе најдете некои смешни правила за оданочување кои постојат и денес. Некои од нив можеби имаат разумна причина, но за некои нема никакво објаснување.
1. Данок за гипс, Австрија
Австриските Алпи се совршеното место за сите љубители на скијањето, и тоа и за почетници, и за професионалци. Па не е изненадувачки фактот што многу од туристите завршуваат во австриските болници со скршеници и други повреди. Поради оваа причина, власта одлучила да вклучи и посебен данок за медицински услуги, покрај редовниот туристички данок. Нема одредена цена за овој данок и го собира местото каде што сте сместени.
2. Данок за стапчиња, Кина
Секоја година, во Кина се произведуваат околу 45 милијарди парови стапчиња за јадење за една употреба. За да се направи олку големо количество, луѓето треба да уништат околу 25 милиони дрва. Не е ни чудно што кинеската влада конечно го огласи алармот, поради страв од уништување на шумите. Во 2006-та година, Кина воведе данок од 5% на стапчињата за една употреба со цел да ги заштити шумите кои само се намалуваат. Власта верува дека оваа мерка ќе ги охрабри луѓето да јадат со стапчиња за повеќе употреби.
3. Данок за печиво, САД
„Бејгл“ е печиво во форма на ѓеврек и е навистина популарно во САД. Њујорк има посебен данок за овие ѓевреци, кој се однесува на оние кои се изменети на кој бил начин. Ова значи дека ако вашиот ѓеврек е исечен или има додадено нешто, мора да платите дополнителни 8 центи како данок. Доколку го јадете ѓеврекот во продавницата каде што сте го купиле, повторно плаќате дополнителен данок.
4. Данок за дебелина, Јапонија
Според еден јапонски закон, мажите и жените во Јапонија на возраст помеѓу 40 и 75 години мораат да ја мерат нивната половина секоја година. Ако половината надминува одредена големина (85 центиметри за мажите и 90 центиметри за жените), мораат да платат казна. Целта на данокот за дебелина бил обид да се намали бројот на дебели луѓе и да се спречи ширењето на болести како дијабетес и мозочен удар.
5. Данок за јатки со лушпа, Англија
Во Англија, купувањето јаткасти плодови со лушпа може да ви заштеди пари. Причината е што постои данок на додадена вредност од 20% на јаткасти плодови кои се без лушпа, печени и посолени.
6. Данок за забава, Индија
Филмската вечер може да ве чини навистина многу во Индија. Овде треба да платите посебен данок за филмски билети, комерцијални ТВ серии, изложби, забавни паркови и други забавни активности. Данокот зависи од локацијата и е помеѓу 5% и 28%.
Продолжува на следната страница…