13 актерки кои бремени снимале филмови

13 актерки кои бремени снимале филмови

Снимањето филм е тежок процес, а кога актерките ги играат своите улоги и додека се бремени, тоа само му додава едно сосема ново ниво на предизвикот. Ние сме апсолутно восхитени од овие силни жени. Во некои случаи, сценаристите, шминкерите, дизајнерите на костуми, па дури и камерманите морале да користат различни трикови за да не покажат дека актерката наскоро ќе стане мајка. Но, во други случаи, нивните бремености се токму она што ѝ требало на приказната.

1. Џилијан Андерсон – „Досие Икс“

Младата Џилијан Андерсон само што ја добила потврдата дека ја добила „улогата од соништата“, и токму пред да започне снимањето, открила дека е бремена. Одговорните во студиото се обиделе да ја заменат актерката, но извршниот продуцент Крис Картер бил целосно против давање на улогата на Дејна Скали на некој друг.

Нејзиниот голем стомак бил покриен со огромна облека и добри агли од камерата, но во последните фази, заплетот се сменил. Патем, Џилијан ја именувала својата ќерка Пајпер Мару, што е исто така, и наслов на една од епизодите од „Досие Икс“.

2. Синтија Никсон – „Сексот и градот“

Можеби веќе знаете дека Сара Џесика Паркер го криела фактот дека е бремена, но таа не била единствената ѕвезда на шоуто што забременила за време на снимањето. Но, бидејќи Миранда (ликот на Синтија), забремени во серијата, таа не морала да го сокрие својот стомак.

3. Лиса Кудроу – „Пријатели“

Во четвртата сезона, Фиби, која ја глумеше актерката Лиса Кудроу се согласи да стане сурогат-мајка на децата на нејзиниот полубрат затоа што актерката всушност била бремена. Но, Фиби имаше тројка, а Лиса имала само едно дете, па затоа морала да користи перница за да го имитира огромното стомаче.

4. Џулија Робертс – „Дванаесетмината на Оушн“

Смешен е фактот што Џулија Робертс играла жена која само се преправала дека е бремена, додека самата актерка била, всушност, бремена во реалниот живот! Иако во филмот тоа беше лага, Џулија Робертс роди здрави близнаци.

5. Марша Крос – „Очајни домаќинки“

Кратко време пред да наполни 45 години, актерката открила дека е бремена со близнаци, па приказната во филмот нагло се сменила: Бри Ван де Камп (ликот на Марша) се преправа дека е бремена за да го избегне срамот во јавноста. До крајот на бременоста, актерката се чувствувала толку лошо што целиот процес на снимање бил преместен во нејзиниот стан, но сè завршило добро – родила 2 здрави деца.

6. Алисон Хениген – „Како ја запознав мајка ви“

За време на снимањето на серијата, Алисон Хениген успеала двапати да забремени. Првиот пат, нејзината бременост била скриена со сите можни средства (вистинската облека и правилните агли на камерата), а вториот пат, сценаристите решиле да ги избегнат сите проблеми и да ја направат Лили среќна мајка.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар