13 актери и актерки кои успешно го одглумиле спротивниот пол

13 актери и актерки кои успешно го одглумиле спротивниот пол

Актерите прават многу за да добијат некоја улога – тие целосно го менуваат својот изглед, ја бричат глава, се здебелуваат, ослабуваат, а понекогаш дури и го менуваат својот пол. Погледнете ги најдобрите актери кои многу успешно одглумиле ликови од спротивниот пол.

1. Анџелина Џоли, Салт (Salt)

(1)13-akteri-i-akterki-koi-uspeshno-go-odglumile-sprotivniot-pol-kafepauza.mk

Џоли го играла ликот на агентот од ЦИА, Евелин Салт, за која постои сомнеж дека работи за Русите. Според дејството во филмот, женската агентка морала да се преправи во маж. Анџелина Џоли поминала неколку часа во соблекувалната за да ја направи неверојатната трансформација.

2. Гаел Гарсија Бернал, Лошо образование (La mala educación)

(2)13-akteri-i-akterki-koi-uspeshno-go-odglumile-sprotivniot-pol-kafepauza.mk

Во овој драматичен филм на познатиот Педро Алмодовар, Гарсија Бернал ја игра улогата на трансвестит. Работењето на женскиот изглед станало ново искуство во кариерата на Бернал.

3. Еди Редмејн, Девојката од Данска (The Danish Girl)

(3)13-akteri-i-akterki-koi-uspeshno-go-odglumile-sprotivniot-pol-kafepauza.mk

Оваа драма се случува во 1920-тите и ни ја раскажува приказната за уметникот Ајнар Вегнер кој позирал како жена за својата сопруга. Евентуално, Ајнер сфаќа дека повеќе не сака да биде маж и се одлучува да подлегне на првата операција за промена на полот. Еди Рејман одлично си ја завршил работата, и филмот за првата транс личност стана моќен и филозофски.

4. Силиан Марфи, Појадок на Плутон (Breakfast on Pluto)

(4)13-akteri-i-akterki-koi-uspeshno-go-odglumile-sprotivniot-pol-kafepauza.mk

Оваа изведба е една од најпрепознатливите и е најкомплексната улога на Силијан Марфи. Ликот на актерот почнува како андроген тинејџер и завршува како гламурозна русокоса.

5. Адам Сендлер, Џек и Џил (Jack & Jill)

(5)13-akteri-i-akterki-koi-uspeshno-go-odglumile-sprotivniot-pol-kafepauza.mk

Во оваа комедија, Адам Сендлер ги игра ликовите на еден човек вработен во агенција за рекламирање (Џек) и неговата луда сестра (Џил). Џил му доаѓа во посета на Џек и целосно го превртува неговиот живот. За оваа улога, актерот доби две Златни малини, награда за најлоша машка и женска улога.

6. Ел Фенинг, 3 генерации (3 Generations)

(6)13-akteri-i-akterki-koi-uspeshno-go-odglumile-sprotivniot-pol-kafepauza.mk

Ликот на Ел е тинејџерка која сака да го промени полот. Нејзините најдобри пријателки не можат да го прифатат фактот дека таа сака да стане момче.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар