12 знаци дека сте блиску до некој што го познавате од минатиот живот
Дали понекогаш сте се имале чувство како да познавате некого цел живот иако го гледате првпат во животот? Постои можност да препознавате некои луѓе од минатиот живот, а не сте свесни за тоа.
Тоа може да се поранешни љубовници, пријатели, непријатели, членови од семејството или некој што сте го повредиле. Обратете внимание на неколку детали и ќе ги препознаете.
1. Моментална блискост
Кога првпат среќавате таква личност, почнувате да зборувате и не можете да запрете, темите произлегуваат една по друга, како да сте се познавале цел живот. Се чувствувавте многу пријатно во друштво на овој странец и сакавте да го продолжите дружењето. Се изненадувате од тоа колку интимни работи му кажувате, а обично не правите така со туѓинци.
2. Моментална одбивност
Иако само што сте се запознале со некого, вие чувствувавте непосредна аверзија кон него и колку и да се обидувате да не го осудувате додека подобро не го запознаете, сепак личноста ви е многу одбивна и негативна. Можно е да наидете на некој кој во минатото ви бил непријател или ви наштетил на некој начин.
3. Ве обзема немир
Секојпат кога ќе сретнете некоја личност чувствувате „пеперутки во стомакот“, но не заради вљубеност туку поради немир. Ова може да се случи дури и ако сте во љубовна врска со некого. Вие сте интимни, но сепак не можете воопшто да се опуштите, како да очекувате да се случи нешто лошо.
4. Ги сакате истите работи
Ја споделувате истата страст кон истите работи со некого, сакате иста храна, го знаете истиот странски јазик или култура на некоја земја, уживајте во истите форми на релаксација и слично. Тоа можеби е некој со кого сте споделувале среќни моменти во минатиот живот. На пример, можеби некогаш сте живееле заедно и сте се дружеле во земјата што многу ве привлекува.
5. Совршено се надополнувате
Функционирате како совршено разработен и подмачкан систем, без никакви прекини и проблеми. На пример, едниот започнува реченица, а другиот ја завршува затоа што точно знае што сте сакале да кажете и се чувствувате опуштени кога сте заедно. Ова, исто така, можете да го доживеете со луѓе што не ги познавате многу време, како колеги од работа.
6. Постојано чувствувате нечиј бес
Социјализирањето или запознавањето со некого може првично да нема смисла за вас, бидејќи личноста со која сте се запознале постојано се жали, што и да направите, тоа никогаш не е добро за неа, делува постојано како да ѝ должите нешто и мора постојано да ѝ бидете благодарни. Тоа може да биде човек со кој сте имале некои неразјаснети ситуации во минатиот живот, без вие или тој да знае за тоа.
7. Чувство на вина
Дали се чувствувате како да давате повеќе отколку што добивате за возврат? Можеби сте се сретнале неколку стотици години порано. Кога сте заедно, секогаш имате чувство на вина и како да се обидете да се искупите, иако знаете дека немате никаква кривица. Можеби вашата потсвест ви кажува дека сте ѝ направиле нешто лошо на оваа личност во минатиот живот и сега тоа ве измачува. Во сегашниот живот, тоа може да биде сопружник, дете, колега, родител, брат, сестра, а во минатото таа личност можеби била некој друг, можеби сосед или непријател.
8. Чувство на страв
Дали некогаш ви се случило да се плашите од некого иако немате конкретна причина за тоа? На пример, да погледнете некого во очи и одеднаш да почувствувате необјаснив страв и потреба да се оддалечите од таа личност. Можеби сте наишле на некого од минатиот живот, некој од кој тогаш сте имале причина да се плашите.
9. Несоодветна сексуална привлечност
Ваквите чувства се случуваат кон некои личности, на пример, далечен член од семејството, некој кој е многу постар или помлад, кон маж кој е во брак итн. Ако ви се случило кон некого да чувствувате несоодветна сексуална привлечност, ви било непријатно поради ваквите чувства и не сте ги разбирале, постои голема шанса тоа да е некој кој ви бил љубовник во минатиот живот.
10. Полот не е важен
Ова им се случува на луѓето кои се хомосексуалци. Можеби овие личности биле во љубовна врска со партнерот во изминатиот живот, како маж и жена, а во овој живот се запознале како двајца мажи и се вљубиле.
11. Телепатска поврзаност
Луѓето кои биле поврзани во минатиот живот како пријатели или љубовници честопати се телепатски поврзани. На пример, дали само помисливте на некого и тој ви се јави или само што го запознавте на улица? Или, пред некој да ви каже нешто вие веќе знаете што ќе биде тоа? Или ви стигнала порака, а вие веќе знаете од кој е и што пишува во неа.
12. Ги препознавте тие очи
Тоа е особина карактеристична за сродните души. На пример, сте наишле на некој што не го познавате, сте го погледнале во очи и сте имале чувство како некогаш претходно да сте ги виделе неговите очи, како низ нив да сте ѕирнале во дното од душата на таа личност, а и тој во вашата. Нашите тела низ минатите и сегашните животи се менуваат, но нашите очи остануваат исти.
Можеби сакате да ги прочитате и 7-те знаци од соништата кои покажуваат дека се сеќавате на минатиот живот.