12 ужасни цимери кои може да ви се паднат
Има луѓе кои не знаат да живеат со други луѓе и понекогаш баш некој таков ќе ви стане цимер. Некои од нив воопшто не сте ги познавале претходно или можеби сте ги познавале но сте имале подобро мислење за нивните навики. Како и да е, тие можат да се поделат во овие 12 групи.
1. Гребатор
Тој си купува тоа што му е потребно, но преферира да ги троши вашите храна, шампон или цигари.
2. Оној што „го живее животот“
Овој не знае да ги почитува туѓите простор, време и мир. Не прави разлика кога е време за забава, а кога не е. Може да повика луѓе и да направи седенка дома, а вие да не знаете за тоа додека не дојдат гостите. Или може да пушти гласна музика додека вие спиете, тврдејќи дека „треба забава за да се ужива во животот“.
3. ТВ владетелот
Гледа сè што се дава на телевизија и не го дава далечинското.
4. Оној што не ги мие садовите
Тој ќе дозволи да се соберат садови од три дена во мијалникот затоа што миењето садови е домаќинска работа, а тој/таа е горд/а што не е домаќински тип.
5. Водно животно
Бањата е неговото/нејзиното кралство. За вас е мистерија што може да се прави таму во толку долг период.
6. Оној што не пушта вода во тоалетот
Нема што да се додаде. Треба нов цимер.
7. Оној што не го фрла ѓубрето
Смета дека фрлањето на ѓубрето не е голема работа и тоа може да почека. А додека чека, ѓубрето се собира и почнува да личи на кула.
8. Штедачот на парно
Да потекнуваше од северниот пол, ќе разберевте. Но, вака не е јасно зошто му/ѝ е топло секогаш кога на сите други им е студено.
9. Казанова
Се фали со колку многу партнерки спиел, а за да го докаже тоа се труди да биде колку што може погласен за време на сексот. Не дека ви пречи тоа, но чудно е чувството кога тие звуци ви се наменети вам и на комшиите.
10. Жалителот
Постојано ќе ве потсетува кои се вашите обврски. Ќе сработи една домашна работа а потоа се жали дека тој/таа работи сè, а вие ништо.
11. Оној/онаа што само префрла
Наместо да разговара со вас за работите што му/ѝ пречат, тој/таа ви префрла откако ќе се случат работите. И кога ќе го/ја прашате во што е проблемот, ќе рече: „Ништо“.
12. Девојката што остава коса во бањата
Се прашувате како може сè уште да има коса на главата. Проблемот е во тоа што не го чисти она што го остава зад себе.