12 универзални, но урнебесни закони за секојдневниот живот
Постојат универзални закони за секојдневниот живот за кои многумина од вас се сигурно свесни, но ниту еднаш досга не сте се обиделе да ги претворите во зборови. Прочитајте ги овие забавни вистини за животот што ќе ве насмеат до солзи!
1. Закон за нормалност
Сите изгледаат нормално додека не ги запознаете.
2. Закон за чујност
Ако мислите дека никој не ве слуша, пробајте да прднете.
3. Закон за единственост
Секогаш имајте на ум дека сте единствени. Исто како и сите останати.
4. Закон за веродостојност
Никогаш не ја проверувајте длабочината на водата со двете нозе.
5. Закон за грижливост
Ако мислите дека никој не се грижи дали сте живи, обидете се да прескокнете рата за кредит.
6. Закон за паѓање
Ако не ви успее од прва, падобранството не е за вас.
7. Закон за позајмување
Ако некому му позајмите 20 евра и никогаш повторно не го видите, најверојатно вредел за тие пари.
8. Закон за перверзност
Не грижете се, изгледа перверзно само првиот пат.
9. Закон за дуплирање
Најбрз начин да дуплирате 1.000 евра е ако ги свиткате на половина.
10. Закон за надмудрување жени
Постојат две главни теории за надмудрување жени. Ниту една од нив не е добра.
11. Закон за искуство
Искуството е нешто што нема да го добиете сè додека не помине моментот кога ви е потребно.
12. Закон за времето
Времето не минува исто. Многу зависи од тоа на која страна од вратата на тоалетот се наоѓате.
Не ви беше доволно? Прочитајте ги и овие 16 универзални закони што со сигурност ќе ве насмеат!