12 уникатни луѓе со необичен изглед

12 уникатни луѓе со необичен изглед

Некои луѓе не се плашат да експериментираат со нивниот изглед. Овие експерименти предизвикуваат многу различни реакции во општеството – некои ги сметаат за луди, а другите пак им се восхитуваат на нивната ексцентричност. Во продолжение ќе погледнете некои луѓе кои се навикнале да бидат нарекувани чудаци, но и ќе откриете што ги натерало толку драстично да го променат својот изглед.

1. Монами Фрост

(1)10-unikatni-lugje-so-neobichen-izgled-kafepauza.mk

Оваа девојка со многу тетоважи е познат модел и видео блогер од Латвија. Нејзината прва тетоважа ја направила кога имала само 14 години и оттогаш тетоважите станале дел од нејзиниот живот. Иако изгледа како „лоша девојка“, Монами не пие алкохол, не пуши цигари и е против сите супстанци кои предизвикуваат зависност.

2. Андреј Бартенев

(2)10-unikatni-lugje-so-neobichen-izgled-kafepauza.mk

Андреј е уметник, моден дизајнер и креатор на интерактивни изложби и перформанси. Тој доаѓа од Русија, а неговите дела биле изложени во многу музеи. Андреј често одбира многу необична облека. Според него, тој се облекува и живее следејќи ја својата имагинација. Неговата појава предизвикува пријателска љубопитност, но понекогаш се соочувал и со агресивни реакции.

3. Бет Дито

Elle Style Awards 2017 - VIP Arrivals

Можеби ја знаете Бет како пеачката од бендот Госип. Таа самата се опишува како „дебела“, но го прифаќа својот изглед. Луѓето ја сметаат за ексцентрична бидејќи не се срами да изведува во облека која открива многу и се прашува зошто луѓето велат дека треба да се облекува скромно и да не привлекува внимание само затоа што има некој килограм повеќе. Многу дизајнери, вклучувајќи го и Карл Лагерфелд го делат истото мислење и ја покануваат да биде модел на нивните ревии.

4. Бади Винкл

(4)10-unikatni-lugje-so-neobichen-izgled-kafepauza.mk

Тешко е да се поверува, но оваа жена има 89 години. Бади е доволно храбра за да се облекува „весело“ и сака да го извлече максимумот од животот. Познатите брендови навистина сакаат да соработуваат со неа. Сè започнало кога нејзината внука решила да направи Инстаграм профил за нејзината модерна баба. Луѓето ѝ велат дека не се облекувала соодветно за нејзината возраст, но што всушност значи тоа?

5. Луис Падрон

(5)10-unikatni-lugje-so-neobichen-izgled-kafepauza.mk

Следејќи го сонот да изгледа како елф, овој млад Аргентинец потрошил илјадници долари на пластични операции. Уште откако бил мал тој бил опседнат со светот на фантазијата и навистина сакал да изгледа како овие митски суштества. Многу луѓе се прашуваат дали има некој ментален проблем, или пак едноставно си го следи својот сон.

6. Елајн Ејнџел

(6)10-unikatni-lugje-so-neobichen-izgled-kafepauza.mk

Кога ќе видите некој со пирсови и тетоважи, сигурно си помислувате дека со годините ќе му помине и желбата. Но, Елајн веќе има 57 години и не планира да се „смири“. Таа го украсува своето тело со тетоважи и целосно ја бричи главата. Таа е една од најпознатите пирсинг мастери во светот и го работи она што го сака. Таа има објавено и неколку книги за пирсингот. Елајн изјавила дека не планира да се промени, барем не во наредните 20 години.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар