12 трикови што ги користат вработените во рестораните и во кафулињата за да манипулираат со вас

12 трикови што ги користат вработените во рестораните и во кафулињата за да манипулираат со вас

Јадењето е всушност последната работа на списокот зошто луѓето посетуваат ресторани и кафулиња. Обично одат таму за да се забавуваат и да бидат расположени. Сопствениците на ресторани и на угостителски објекти се добро запознаени со овој факт, поради што продолжуваат да употребуваат нови професионални трикови секој ден. Прочитајте какви тајни кријат сопствениците и вработените во рестораните од своите клиенти.

12 трикови што ги користат вработените во рестораните и во кафулињата за да манипулираат со вас

1. Нема ресторан што не работи без претходно подготвени состојки. Тестенините и пиците честопати се купуваат претходно подготвени, наместо самите вработени во рестораните да го прават тестото. Супите, исто така, честопати се варат однапред и се чуваат во специјални садови.

2. Бонбоните, гумите за џвакање и другите слатки работи што ви ги носат заедно со сметката не се бесплатни. Вработените го прават тоа за да ве натераат да се чувствувате виновно. Посетителот ќе чувствува дека треба да надомести за тој подарок и веројатно ќе остави поголем бакшиш.

3. Луѓето јадат помалку во ресторани украсени со огледала. Ова се должи на фактот дека кога човекот се гледа себеси отстрана, нивото на самоконтрола во процесот на јадење се зголемува.

4. Многу ресторани ја засилуваат миризбата за да ги натераат посетителите да се чувствуваат гладни. На пример, во пекарниците инсталираат специјални печки со минимална вентилација за да може аромата на свежо печени производи да стигне до потенцијалните посетители што се надвор од пекарницата.

5. Келнерите ги бришат масите и ги земаат чиниите не затоа што сакаат да чистат, туку затоа што валканите чинии ќе ги потсетат гостите колку изеле и тоа ќе ги спречи да нарачаат нешто друго.

6. Многу му помагате на ресторанот ако веднаш по влегувањето почнете да барате пријатно место во некој агол. На овој начин, ќе порачате повеќе храна затоа што знаете дека никој не ве гледа. Покрај тоа, посетителите кои избираат пријатно место нарачуваат повеќе калорична храна, а тоа влијае на продажбата на десерти на позитивен начин.

7. И обратно, вработените во рестораните се обидуваат да ги сместат своите посетители до влезот или во „преден план“ за да создадат удобна атмосфера и да го направат местото да изгледа полно. На атрактивните луѓе им се нуди посебно место во близина на прозорецот за да привлечат поголемо внимание и да ги импресионираат луѓето што поминуваат.

8. Ако нарачате тестенини карбонара, келнерот веднаш ќе сфати дека не сте личност што често посетува ресторани и дека не сакате да пробате нови работи. Рестораните го вклучуваат ова јадење во своето мени затоа што е прифатливо и лесно се готви.

9. Кога храната се сервира во мали чинии, започнува да функционира таканаречената илузија на Делбоф. Дури и ако порцијата е релативно мала, посетителот на ресторанот се чувствува најадено. Рестораните честопати го користат спротивниот метод и ги служат главните јадења во големи чинии. На овој начин посетителот се чувствува како да не јадел доволно и ќе нарача и десерт.

10. Ако побарате да го намалат гласот на музиката, вработените ќе го исполнат вашето барање само во еден од десет случаи. Најчесто, тие само ќе ви кажат дека го направиле тоа што го побаравте, а веројатно вие ќе почувствувате дека музиката е потивка.

11. Рестораните сакаат да користат таканаречени „вкусни“ согласки на своето мени, чијшто изговор се совпаѓа со звуците на џвакање храна и ги имитираат движењата на устата кога јадете. Покрај тоа, клиентите почесто ги избираат зборовите што се изговараат од предниот кон задниот дел на устата. „Бодок“ е добар пример за ваков вид збор.

12. Дури и наједноставните јадења се потполно украсени бидејќи на тој начин се создава разновидност. Истата приказна важи и за разнобојните јадења – човечкиот мозок реагира на светли бои бидејќи тие се поврзуваат со зрели плодови.

Прочитајте ги и овие 16 тајни на слаткарите за коишто не зборуваат ни меѓусебно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар