12 славни цитати на За За Габор: Тоа што сте љубоморни на убава жена, нема да ве направи поубави
Таа имала само 19 години кога станала Мис Унгарија, а брзо потоа ја започнала својата актерска кариера во Виена. По неколку години успеала да стигне и во Холивуд, поточно во 1941 година. Габор била препознатлива по својот специфичен акцент и несекојдневните грациозност и шарм, што тогаш им се препишувале само на Европејките. Подоцна таа станала препознатлива и по својот скап вкус кога се во прашање мажите. И тоа не го криела! Отворено зборувала за својот живот, умеела доста мудро да се пошегува на сопствена сметка, а мажите ја обожавале. Починала две недели пред својот 99-ти роденден, во луксузната населба Бел Аир, во Холивуд.
Следуваат дел од нејзините славни цитати по кои ќе биде засекогаш запаметена:
„Никогаш не сум мразела ниту еден маж доволно за да му ги вратам неговите дијаманти.“
„Тоа што сте љубоморни на убава жена, нема да ве направи поубави.“
„Одлично ја одржувам куќата – секогаш кога ќе оставам маж, ја задржувам куќата.“
„Секоја жена која упорно држи диета, мора да биде напорна. Никој не може да биде забавен и весел додека е гладен.“
„Еден маж ми рече: ‘Јас или мачката!’ Понекогаш тој навистина ми недостасува.“
„Да бидеш сакан ти дава сила. Да сакаш некого е слабост.“
„За да останете нормални во овој денешен свет, од голема корист ќе ви биде доколку сте малку луди.“
„За големото его, не постои диета.“
„Колку мажи сум имала? Мислите покрај сопствените?“
„Нема подобри пари за трошење од сопствените.“
„На прашањето за тајната на долгиот брак, одговарам со омилената шега: ‘Мажот би требало повремено да излегува со неговото машко друштво, но и жените исто така.’“
„Сакам интелектуалци. Тие знаат сè, а не се сомневаат во ништо.“