12 секојдневни активности за кои всушност можете да бидете платени

12 секојдневни активности за кои всушност можете да бидете платени

Постои една изрека според која треба да најдете нешто што сакате да го правите, а потоа да најдете начин да ве плаќаат за тоа. Иако можеби изреката не треба да се сфати буквално, постојат луѓе кои успеваат да заработат правејќи работи што ние останатите ги правиме бесплатно. Погледнете некои од најчудните „работи од соништата“ за кои веројатно немате ни помислено.

1. Тестирање на тобогани

12 секојдневни активности за кои всушност можете да бидете платени

Некои хотели и големи туристички агенции најмуваат луѓе да тестираат тобогани. Задачата на овие луѓе е да оценат дали тобоганите се безбедни и забавни. Доколку го работите ова, можете да пишувате рецензии за нив на социјалните мрежи или на веб-сајтови за патување.

2. Гледање ТВ серии на Нетфликс

12 секојдневни активности за кои всушност можете да бидете платени

Многу луѓе, веројатно и вие, уживаат во гледањето серии и филмови. Доколку секојдневно го правите ова, имате можност да го претворите во кариера. Постојат луѓе кои се патени да гледаат ТВ серии и филмови на Нетфликс по цел ден. Нивната задача е да собираат податоци за пребарувањето и категориите на Нетфликс. Исто така, тие одредуваат за која старосна група е погодна серијата.

3. Организирање бинго турнир

12 секојдневни активности за кои всушност можете да бидете платени

Најчесто овие луѓе се најмуваат во казина. Нивната задача е да е осигурат дека се следат сите државни регулации за играта и дека наградите се завршуваат каде што треба.

4. Тестирање гуми за џвакање

12 секојдневни активности за кои всушност можете да бидете платени

Дали сакате гуми за џвакање? Постојат луѓе кои им помагаат на производителите да ги оценат нивните гуми за џвакање, но и да развијат нови проекти. Според некои податоци, тестирачите на гуми за џвакање можат да заработат и до 100.000 евра годишно.

5. Дегустатор на чоколадо

12 секојдневни активности за кои всушност можете да бидете платени

Доколку сакате благо, гумата за џвакање нема да ве задоволи. Повеќето луѓе навистина уживаат во вкусот на чоколадото, а некои од нив се дури и платени за да го пробуваат. Но бидејќи јадењето премногу чоколадо не е здраво, овие луѓе или го плукаат или јадат по многу малку. Исто така, по секој залак пијат вода и јадат крекери за да го „исчистат“ нивниот вкус.

6. Продавање фотографии

12 секојдневни активности за кои всушност можете да бидете платени

Многу луѓе сакаат да си играат со камерата на нивниот телефон, а некои успешно заработуваат од случајните фотографии што ги прават. Постојат многу веб-сајтови на кои можете да продавате аматерски фотографии. Најчесто фотографиите се прикачуваат бесплатно, а сајтот добива процент од секоја продажба.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар