12 работи што постојат само во Северна Кореја

12 работи што постојат само во Северна Кореја

„Една од најсреќните земји во светот“, „Гроб од вистински еднорог“, „Времето зависи од доброто расположение на претседателот“… Овие зборови не се одбрани случајни. Сите тие се однесуваат на Северна Кореја. Ве заинтересиравме? Прочитајте ги следниве 12 факти за оваа парадоксална земја што дефинитивно нема да ве остават рамнодушни…

1. Одделен календар

12 работи што постојат само во Северна Кореја

Во 1997 година, Северна Кореја ја прифатила новата хронологија и сега луѓето таму живеат во 106-та година. Нивната почетна точка била роденденот на Ким Ил Сунг во 1912 година. Сите испечатени календари имаат 2 верзии: Датуми за Северна Кореја и датуми за остатокот од светот. Ким Ил Сунг има многу благородни титули како што е „Вечниот претседател“, кои ги носат и неговиот син и внук, но никогаш не биле прогласени за претседатели.

2. Општествени класи

12 работи што постојат само во Северна Кореја

Во 1957 година, властите на Демократската Народна Република Кореја ја поделиле земјата на 3 главни општествени класи: кралската „суштинска класа“ (домат), „слаба класа“ (јаболко) и „непријателска класа“ (грозје). Сите класи се исто така поделени на 50 групи.

  • Доматите се црвени и однатре и однадвор. Овие луѓе ја докажале нивната лојалност на партијата. Тие најчесто се политичари и воени офицери.
  • Јаболката се црвени само однадвор. Овие луѓе можат да станат подобри и тие најчесто се обични граѓани.
  • Грозјето се оние кои го кршат законот. На пример, ова се граѓаните кои се обиделе да направат телефонски повик во странство.

Статусот се вклучува во личните карти на секој човек во државата откако ќе наполни 17 години. Тоа влијае на иднината на луѓето и во изборот на образование, професија и слично. Инаку, властите на Северна Кореја одрекуваат дека постои поделба на општествени класи.

3. Патишта

12 работи што постојат само во Северна Кореја

Во Северна Кореја речиси нема асфалтирани улици. Само 8% од сите патишта се покриени со цврста површина. Но, ова не претставува проблем за локалните луѓе. Целиот транспорт во државата е под контрола на властите и само воените лица и политичарите можат да си дозволат автомобил. Другите обично патуваат со велосипед.

4. Жени сообраќајци

12 работи што постојат само во Северна Кореја

Во согласност со горенаведениот факт, логично е тоа што во Северна Кореја има само неколку семафори. Меѓутоа, на големите градови сепак им треба контрола на сообраќајот. Оваа работа најчесто им припаѓа на убавите девојки. Жените сообраќајци треба да бидат сингл и помлади од 26 години. Ако некоја од нив не ги исполнува повеќе овие услови, мора да го напушти работното место.

5. Агенција НАДА

12 работи што постојат само во Северна Кореја

Оваа земја се занимавала со вселенски истражувања во 80-тите години. Во 2013 година, Северна Кореја ја отворила НАДА и му го покажала на светот нејзиното лого. Логото личи на тоа на НАСА и натписот е исто така многу сличен. Никој не знае дали намерата на државата е да се пошегува со САД или пак станува збор за чиста случајност.

6. Моќниот Ким Џонг Ил

12 работи што постојат само во Северна Кореја

Поранешниот лидер на Северна Кореја не бил обичен човек. Според неговата биографија (која се учи како посебен предмет на училиште), тој бил роден на планината Баекду и на неговото раѓање една ѕвезда го осветлила целото небо, по што се појавило двојно виножито. Тој исто така научил да оди и зборува кога сѐ уште немал наполнето 1 година. По неговата смрт, масовните медиуми објавиле дека „пукнале слоеви од мраз со неверојатно гласен звук на езерото Чон на планината Баекду и областа била зафатена од снежна бура и силни ветришта“. Меѓутоа, други извори тврдат дека лидерот бил роден во Вјатскоје, Русија во времето на Советскиот Сојуз, каде што татко му се обидувал да се скрие од јапонските окупатори. Ваше е да одлучите во која вистина ќе поверувате.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар