12 работи кои треба да ги знаете кога ги посетувате егзотичните земји
Има ли нешто поневеројатно од одмор во некоја егзотична земја? Сепак, овие патувања кријат некои опасности кои понекогаш може да ви го расипат целиот одмор. Овие совети ќе ви помогнат да се држите настрана од опасностите кои демнат и ќе ви го направат престојот незаборавен.
1. Медузи, корали и светли риби
Во тропските земји живеат многу опасни суштества, вклучувајќи медузи, корали и некои видови риби. Најдобриот начин да се заштитите од овие морски суштества се обувките за во вода и се разбира, избегнувајте да ги допирате без разлика колку убаво изгледаат. Исто така обрнувајте внимание на знаците за опасност кои се поставени по плажите. На пример, црвеното знаме значи „Забрането пливање“ и важно е да го почитувате тоа.
Локации: Африка, Азија, Австралија
2. Водни струи
Водните струи може да ве однесат од брегот до отворено море за неколку секунди. Ако некогаш се најдете во ваква ситуација, немојте да е обидувате да пливате кон брегот и да се борите со струјата. Таа секогаш ќе биде посилна од вас. Најдобро е да пливате во насока на струјата, паралелно со брегот. Кога ќе почувствувате дека нејзината сила е намалена, можете безбедно да испливате назад.
Локации: Сите океани и мориња
3. Комарци
Комарците пренесуваат многу опасни болести, вклучувајќи го и вирусот зика, а тие живеат во речиси сите тропски земји. За да се заштитете од потенцијална зараза, секогаш имајте спреј против инсекти. Исто така примете вакцина против маларија, жолтица и други болести пред да тргнете на патување.
Локации: Африка, Јужна Америка
4. Водни предатори
Нападите од ајкули може да бидат навистина чести. Но, многу е лесно да ја избегнете средбата со овие предатори. Немојте да пливате во водата ако имате какви било отворени рани бидејќи мирисот на крв ги привлекува ајкулите. Иако ајкулите не разликуваат бои, тие реагираат на силни контрасти па немојте да носите светли костими за капење.
Локации: Брегот на Тихиот Океан, Атлантскиот и Индискиот Океан
5. Улична храна
Уличната храна е многу позната во земјите во Азија, без разлика дали станува збор за Виетнам или Тајланд. Иако нема некоја голема опасност од оваа храна, може да предизвика неколку проблеми. На пример, луѓето кои не се навикнати на многу зачини може да имаат проблеми со стомакот. Истото важи и за рестораните – замолете го готвачот да не става премногу зачини во вашиот оброк.
Локации: Азија, Африка
6. Вода
Познато е дека водата од чешмите не е секогаш добра за пиење во некои земји. Но, не заборавајте дека мразот кој го ставаат во пијалаците е направен токму од таа вода. Најдобро е да пиете флаширана вода од продавница. Препорачливо е да ја користите флашираната вода и за готвење.
Локации: Азија, Африка
Продолжува на следната страница…