12 работи кои само саркастичните луѓе ги разбираат

12 работи кои само саркастичните луѓе ги разбираат

Некои луѓе едноставно се раѓаат со мала искра песимизам која како што минува времето полека се претвора во, популарно кажано, сарказам. Од мали нозе учиме дека понекогаш е подобро да бидеш ироничен отколку јасно да покажеш среќа, бес, незадоволство, фрустрација и сл. Но, некогаш нашите напори да бидеме успешни во сарказмот и не резултираат баш најдобро. Прочитајте ја оваа листа каде ќе се пронајдат сите оние кои го обожаваат сарказмот и го користат како средство за справување со лудостите на општеството.

12 работи кои само саркастичните луѓе ги разбираат

1. „Зошто превртуваш очи додека разговараш со мене?“ е прашање кое често го добивате

Упс, рефлекс. Некогаш дури и ненамерно.

12 работи кои само саркастичните луѓе ги разбираат

2. Луѓето често ве споредуваат со Ејприл Ладгејт

Само гледајте некоја епизода од Parks and Recreation и сами ќе се пронајдете во овој лик.

12 работи кои само саркастичните луѓе ги разбираат

3. Или со малото црнокосо девојче од Адамсови

Вендсдеј Адамс е мала божица на сарказмот и нејзината темна и морбидна страна на животот е понекогаш застрашувачка.

12 работи кои само саркастичните луѓе ги разбираат

4. „Само бев саркастичен/на, во ред?“ е нешто што често мора да го кажувате

Не секој ве разбира и мора да се објаснувате. Некогаш луѓето ве гледаат како да не сте од оваа планета.

5. Среќните луѓе ви се чудни

Себеси се сметате за песимист или реалист и некој кој упорно го гледа светот низ розови очила не само што не го разбирате туку може и да ве нервира. Луѓето кои постојано се смеат и зборуваат гласно ви се несфатливи – дали и тие се саркастични или не? Тешко е да се каже.

6. Кога сте бесни употребувате сарказам за да се справите со бесот

Преферирате да не им објаснувате отворено на луѓето кои ве изнервирале или повредиле, што фајде од тоа? Наместо тоа, ќе бидете саркастични.

12 работи кои само саркастичните луѓе ги разбираат

7. Понекогаш може да почувствувате дека сте повредиле некого со својот сарказам

А понекогаш дури и ви е жал за тоа.

12 работи кои само саркастичните луѓе ги разбираат

8. Навистина не знаете да прифатите комплимент

Всушност, не знаете како да се однесувате кога некој ќе ви упати комплимент, најчесто се смеете и му велите дека не е во право и се прашувате дали искрено го мисли тоа.

9. Имате посебна иронична насмевка на која сте горди

ХА! ХА! ХА!

12 работи кои само саркастичните луѓе ги разбираат

10. „Мамо не плачи, само се шегував“ е нешто што го имате кажано

Кога ќе расплачете некој близок со својата изопачена смисла за хумор, дури ви е криво.

11. Навистина имате потешкотии во искажување на своите емоции преку мејл или СМС

Технологијата мора да поработи на овој проблем на саркастичните луѓе. Како да најдат интонација во пишан разговор?

12 работи кои само саркастичните луѓе ги разбираат

12. Имате изопачен начин на искажување љубов

Дури тоа може да биде „уф, навистина те мразам“. Добро, зошто луѓето едноставно не ве сфаќаат кога им зборувате?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. maja Reply

    Mизерија!

  2. jas Reply

    se razbrav, zosto “ne” sum sarkasticna 😀 haha

Остави коментар