12 психолошки трикови за поголема самодоверба

12 психолошки трикови за поголема самодоверба

Секојдневно се наоѓаме во ситуации кога сакаме да имаме поголема самодоверба или да бидеме помалку подложни на нервозата и стресот. Кога сакаме да ја победиме анксиозноста која како сенка нѐ следи во сите ситуации во кои треба да ја покажеме нашата храброст и да ги пребродиме сите предизвици кои ни стојат на патот. Во продолжение прочитајте ги 12-те психолошки трикови кои можат да ви послужат како прва помош во оние моменти кога би сакале малку повеќе да верувате во себе и своите способности.

12 психолошки трикови за поголема самодоверба

1. Истражувањата покажуваат дека честото смеење ги прави луѓето посреќни. Широката насмевка и гласното смеење го „лажат“ вашиот мозок да мисли дека се чувствувате среќно.

2. Во оние ситуации кога се чувствувате нервозно, конкретно во ситуациите во кои правите повторливи дејства, џвакајте гума за џвакање. Така ќе го навикнете мозокот да мисли дека не може да биде „во опасност“, бидејќи ќе ја перципирате активноста на џвакање мастика како активност која се поврзува со смиреноста и релаксацијата.

3. Дознајте кому му се допаѓа вашиот карактер: Кога сте во група со луѓе, поедини личности инстинктивно ќе го упатат погледот кон личноста кон која чувствуваат најголема поврзаност.

4. Немојте да велите или пишувате „Мислам“ или „Верувам дека“. Тоа може да направи да изгледате како да имате ниска самодоверба. Обидете се да бидете што посигурни во своите одлуки и избори.

5. Останете мирни кога некој ви е лут. Поради тоа, личноста која ви е лута ќе чувствува уште поголема лутина или бес, но затоа подоцна ќе се чувствува засрамено, а вие ќе можете да кажете дека успешно сте ја издржале ситуацијата.

6. Ако некој ви даде незадоволителен одговор, одржувајте контакт со очите и молчете. Личноста која ви го дала одговорот ќе претпостави дека оригиналниот одговор не бил доволно добар и ќе продолжи да зборува.

7. Ако се „натерате“ да бидете среќни и возбудени кога ќе ја видите некоја личност која можеби и не ви е толку драга, следниот пат кога ќе треба да се сретнете и двајцата ќе бидете навистина возбудени што повторно се гледате.

8. Физичките ефекти на стресот се еднакви на ефектите на воодушевувањето (отежнато дишење, забрзан пулс). Со трансформирањето на стресните ситуации во ситуации со возбуда, можете да го измамите мозокот да помисли дека се соочува со нешто позитивно, при што полесно ќе можете да најдете решение на проблемот.

9. Ако очекувате дека некој ќе сака да направи да се почувствувате лошо и безвредно на некој состанок, тогаш седнете до таа личност или застанете покрај неа. Поради близината, на таа личност ќе ѝ биде непријатно да го покаже своето агресивно однесување.

10. Кога одите на прва средба со некого, изберете некое возбудливо место. Спротивната страна ќе ве поврзува со чувството на возбуда и авантура.

11. Кога се запознавате со некого, обидете се да ја воочите бојата на очите на таа личност. Таа информација не ви е потребна, но е техника на помош со која се осигурувате дека сте направиле контакт со очите доволно долго, што другите го сметаат за пријателски гест и мислат дека личноста со која се запознаваат е полна со самодоверба.

12. Доколку сакате другите да ве сметаат за љубезни, културни и шармантни, тогаш обидете да го запомнете името на личноста со која сте се запознале, барем за таа ситуација, и подоцна искористете го во разговор.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар