12 приказни кои се доказ дека вистинската љубов навистина постои

12 приказни кои се доказ дека вистинската љубов навистина постои

Постојат многу скептици кои воопшто не веруваат во љубовта. Но кога ќе ја почувствувате не можете да не признаете дека таа е вистинска. Овие 12 вистински приказни ќе ве убедат во постоењето на вистинската љубов.

„Мојот сопруг замина на забава на работното место. Нивниот тим беше млад, па имаше и атрактивни девојки. Секогаш му верував, но се чувствував малку љубоморна. Кога се врати дома малку напиен и отиде да спие, решив да го бакнам. Тој буквално ме удри. Бидејќи беше речиси заспан, тој си помислил дека јас сум една од неговите колешки. Повеќе не сум љубоморна и сум многу горда на својот сопруг.“

„Вистинската љубов за мене не се скапи подароци и цвеќиња. Вистинска љубов е кога татко ми ѝ помага на мајка ми да се избања, и купува сè што ѝ е потребно и секојдневно ѝ ги чисти чевлите. Исто така, тој никогаш не заборава да ѝ каже колку е убава. Тој навистина ја сака својата сопруга која има сериозни проблеми со ‘рбетот.“

„Кога бев малечка поминував многу време со мојот пријател Мајкл. Одевме во полето надвор од градот за да ги гледаме ѕвездите. Не правевме ништо погрешно, тоа беше само детско пријателство. Тој ми кажуваше приказни за соѕвездијата и за ѕвездата Северница. Се сеќавам кога си помислив дека нема да ми биде многу лошо ако му ја перам облеката. Изгледа тоа било вистинска љубов.“

„Еднаш решив да направам романтична вечера за сопругот. Нашиот распоред на работење обично не ни го дозволува тоа. Само што завршив со готвењето некој заѕвони на ѕвончето. На вратата беше мојот сопруг со букет цвеќе. Ми рече дека само сакал да ја направи својата сопруга среќна.“

(3)12-prikazni-koi-se-dokaz-deka-vistinskata-ljubov-navistina-postoi-kafepauza.mk

„Мајка ми ми кажуваше дека татко ми секогаш ја чекал од работа на автобуската постојка. Му било страв да не ѝ се случи нешто. Автобусот пристигал само 2 пати во еден час, а тој ја чекал дури и кога доцнела. Без разлика дали врнело дожд или снег, тој секогаш бил таму. И никогаш не се жалел за тоа.“

„Беше вечерта пред мојот роденден, а моето момче заминуваше од кај мене во 23.50 за да не го испушти автобусот. Тогаш на полноќ добив порака со која ми го честиташе роденденот. Додека му го пишував одговорот, го слушнав ѕвончето. Кога отворив ме пречека моето момче со многу балони. Беше многу нервозен, но сепак успеа да ја прочита поемата. Тоа е најубавото нешто кое го имам видено.“

„Само што ја почнавме врската кога го поканив момчето кај мене. Но, баш тој ден настинав и тоа толку многу што одвај зборував. Си помислив дека тоа е крајот на нашата врска. Но, момчето ме изненади. Вечерта отиде до аптеката и ми ги купи потребните работи. Потоа легна до мене и цела вечер остана да се грижи за мене.“

„Еднаш го прашав сопругот што е тоа љубов. Тој ми напиша: ‘Тоа е кога таа има дамки од чоколадо и мајонез на нејзината блуза, а вели дека јаде само зеленчук бидејќи е на диета. А ти ѝ веруваш бидејќи премногу ја сакаш оваа жена’.“

(1)12-prikazni-koi-se-dokaz-deka-vistinskata-ljubov-navistina-postoi-kafepauza.mk

„Баба ми не може да оди и дедо ми се грижи за неа. Секоја пролет, па и во текот на целата година, тој ѝ купува цвеќиња и слатки. Не можам да не се воодушевам од него.“

„Секој има слатка и романтична љубовна приказна. Дали знаете како јас го запознав моето момче? Бевме на забава и тој само ми рече: ‘Ти си моја сега. Да не си се осмелила да ме напуштиш!’ Ете тоа е мојата љубовна приказна.“

„По една жестока расправија со мојата девојка, отидов да спијам во автомобилот. Тогаш ја здогледав девојка ми во пижами пред мене. Ми донесе перница и ќебе. Ноќта ја поминавме заедно.“

„Вчера ни беше втора годишнина со сопругот. Требаше да одиме во ресторан за да прославиме, но не бев расположена и го замолив сопругот да не купува цвеќиња. Кога дојде да ме земе за да одиме во ресторанот, здогледав мал рачно изработен букет од хартија. Тој го направил за мене и овие цветови ми се поважни од кој било друг подарок.“

Прочитајте ги и овие цитати за безусловната љубов кои ќе го променат вашиот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар