12 причини зошто треба да одите на одмор со вашата мајка

12 причини зошто треба да одите на одмор со вашата мајка

Врската помеѓу мајката и ќерката е посебна. Нема подобра пријателка од мајката. Секогаш можете да ѝ ги кажете сите ваши тајни и проблеми, без да се плашите дека ќе ве осудува, а таа веднаш ќе биде подготвена да ви го даде најдобриот совет. Пред неа секогаш можете да бидете свои и природни, бидејќи таа е личноста што најдобро ве познава. Токму затоа нема подобра идеја од тоа да отидете на одмор со вашата мајка. Можеби нема да ве очекуваат луди забави до раните утрински часови, но со сигурност ве очекува незаборавен одмор на еден сосема поинаков начин. Ова се 12-те причини кои ќе ве убедат дека летово треба да отидете на одмор со вашата мајка…

12 причини зошто треба да одите на одмор со вашата мајка

1. Таа ќе го испланира целото патување и ќе се погрижи за сите здодевни ситници. Таа е како туристички агент на кој му плаќате со љубов!

2. Нема да се навреди кога ќе станете напорни поради тоа што сте гладни. Всушност, таа многу добро ги препознава знаците на предупредување и ќе го спречи тоа со вкусна ужина, веднаш штом ќе забележи дека станувате гладни. Освен тоа, секогаш се наоѓа по некое чоколадо или овошје во нејзината чанта.

3. Многу добро знае што сакате, а што не, без да ѝ кажете. Таа ќе ви предложи активности и ресторани кои знае дека и на двете ќе ви се допаднат. Вашите потреби секогаш ќе бидат на прво место.

4. Ќе ве однесе на места, кои самите никогаш не би ги одбрале. Никогаш не би отишле самите во музеј на традиционална уметност, кој на крајот излезе дека многу ви се допадна и си поминавте супер.

5. Ќе имате можност вие да ја запознаете со некои активности кои таа самата никогаш не би ги одбрала. Таа никогаш не би чекала 40 минути за највкусниот десерт кој изгледа како да е створен за на Инстаграм. Но, кога ќе го проба, ќе признае дека вредело.

6. Ќе имате некој кој ќе направи 1 000 фотографии од вас додека не излезе една совршена. И нема да се жали поради тоа! Само ќе сака да ја стави фотографијата во рамка.

7. Вашите фотографии на Фејсбук ќе добијат повеќе лајкови од вообичаено. Забавни локации во комбинација со вашата мајка е еднакво на повеќе од 100 лајкови.

12 причини зошто треба да одите на одмор со вашата мајка

8. Нема да се вратите со облека што сте ја купиле на одмор за која подоцна ќе зажалите. Вашата разумна мајка ќе ве убеди да не го купувате оној цветен фустан со бои на виножитото кој совршено одговара за атмосферата на островот со тоа што ќе ве потсети дека дома носите само црно.

9. Но, со задоволство ќе ве почести со оној прекрасен шешир што ви треба за на плажа. Иако можеби никогаш повеќе нема да го ставите, секогаш ќе ве потсетува на овој незаборавен одмор.

10. Ќе имате шанса и вие да ја почестите со нешто. Како на пример со она магнетче кое го мерка и совршено би се вкклопил во нејзината колекција, или со вкусен ручек. Ќе ви каже дека нема потреба вие да плаќате и навистина ќе го мисли тоа, но ќе биде толку трогната што вие сте почестиле.

11. Ќе имате прекрасни, значајни разговори. Наместо да бидете ограничени на вашите долги разговори за тоа како ви поминала неделата и секојдневните кратки прашања од типот „Јадеше денес?“, сега ќе можете навистина да разговарате без вашиот татко, сестри и браќа да ве прекинуваат и да ви го одвлекуваат вниманието. Ќе можете да разговарате за она што навистина се случува во вашиот живот, за моменталната политичка ситуација, или, пак, да ја слушате како ви зборува за нејзиното детство и младост.

12. Ќе можете да ја прегрнете вашата мајка за добра ноќ секоја вечер повеќе денови по ред. Зар не е тоа она што вистински ви треба секоја вечер и кога сте дома?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар