12 прашања од областа на науката што луѓето секогаш погрешно ги одговараат
7. Каква боја има крвта кога е внатре во нашето тело?
Ако ги погледнете вашите вени, најверојатно ќе одговорите дека крвта е сина. Но, тоа е погрешно. Крвта е всушност темно црвена. Многумина мислат дека крвта е сина внатре во телото, но кога ќе се изложи на надворешниот кислород станува црвена. Меѓутоа, дури и без кислород, крвта содржи хемоглобин, а тоа е црвен протеин. Па така, крвта внатре во телото е црвена. Вените изгледаат сино поради начинот на кој ја рефлектираат светлината.
8. Дали громот може да удри 2 пати на исто место?
Ако одговоривте одречно на ова прашање, тоа е погрешно. Всушност, постои голема веројатност дека громот ќе удри 2 пати на исто место. Громовите удираат во Земјата повеќе од 1,5 милијарда пати годишно. Многу места што се подложни на удари од громови, како што се високи згради, бандери и дрвја ги претрпуваат овие удари повеќе пати годишно. Пример за тоа е зградата Емпајр Стејт Билдинг во Њујорк во која удираат громови по неколку пати секоја година.
9. Од каде излегува најголемиот дел од телесната топлина?
Ова прашање не е толку едноставно. Одговорот не е главата, иако така мислат повеќето луѓе. Топлината исчезнува подеднакво од секој дел од телото. Меѓутоа, во зима, телесната топлина во најголема мера сепак излегува од главата, затоа што тоа е единствениот дел кој не е покриен со облека. Но, тоа не значи дека не треба да носите капа.
10. Зошто камелеоните ја менуваат бојата?
Не, тие не се обидуваат да се вклопат во средината. Постојат повеќе причини зошто мажјаците камелеони менуваат бои, но камуфлажата не е една од нив. Расположението и температурата играат голема улога. Ако камелеонот е среќен и сака да се пари со женка камелеон, тој ќе ги менува боите. Исто така, ако температурата се намали, тоа може да предизвика промена на боите.
11. Дали луѓето можат да го видат Кинескиот ѕид од вселената?
Многумина мислат дека Кинескиот ѕид е единствениот објект што го направиле луѓето и што може да се види од вселената. Тоа е всушност мит, освен ако не сте во ниска орбита, во одредени временски услови и под одредена светлина. За жал, составот на Кинескиот ѕид од глина и камен премногу се претопува со пејзажот што го опкружува и затоа никој не може да го види со голо око од вселената.
12. Дали Плутон е планета?
Разбирливо е тоа што многу луѓе погрешно го одговараат ова прашање. Плутон порано се сметаше за планета во нашиот сончев систем, но сега е класифициран како џуџеста планета.
Доколку ви се допадна оваа тема, прочитајте ги научните одговори на следниве 17 прашања кои се срамите да ги поставите гласно.