12 неверојатни земји каде што можете да поминете многу евтино на одмор
Има уште многу време до летниот одмор, но дозволено ни е да мечтаеме! Секое патување во странство нуди нови впечатоци, знаења и искуства. Но, честопати не се осмелуваме да отпатуваме поради финансиските трошоци и помислата дека патувањето е скап луксуз. Доколку сакате да патувате, но и да заштедите, разгледајте ги следниве 12 неверојатни земји кои нудат одличен одмор без да ви го испразнат паричникот. Почнете да тргате по некој денар на страна уште од сега и подгответе се за незаборавен летен одмор!
1. Романија
Сместување: Од 6 евра па нагоре за хостел, од 11 евра па нагоре за хотел
Храна: Од 3 евра па нагоре
Транспорт: Од 0,34 евра па нагоре
Романија е местото каде што се среќаваат реалноста и бајките. Во Романија има премногу туристички атракции, живописна архитектура, неверојатни пејзажи и ниски цени. Цената на сместувањето варира во зависност од градот. Освен во хотел или хостел, можете да се сместите во мини бунгалов покрај море за цена од 8 евра па нагоре. Нема да потрошите повеќе од 3 до 5 евра доколку сакате да јадете во некое локално ресторанче и да ги пробате традиционалната мусака и чорба. Целодневна карта за подземна железница во Букурешт чини околу 1,1 евро.
2. Лаос
Сместување: Од 4 евра па нагоре во хостел, од 9 евра па нагоре во хотел
Храна: Од 2 евра па нагоре
Транспорт: Од 2 евра па нагоре
Оваа смарагдна земја е позната по нејзините егзотични предели. Лаос е одлично опција за луѓето кои сакаат да шетаат и да уживаат во живописни реки, планини и водопади. Ќе потрошите 9,5 евра доколку сакате да одите на 8-часовно патување со кајак до пештерите во Ван Венг. Лесно ќе најдете сместување во хостел или хотел. Менито е исто така многу поразлично: Компири и месо за 2 евра, палачинки за 1 евро, супа од шкампи за 3 евра, 1,5 кило банани за 0,5 евра и слично. Доколку не сакате да се возите со автобус, може да изнајмите мотор за 6 евра на ден или велосипед за 1,5 евро на ден.
3. Португалија
Сместување: Од 8 евра па нагоре за хостел, од 16 евра па нагоре за хотел
Храна: Од 4 евра па нагоре
Транспорт: Од 1,85 евра па нагоре
Сѐ е возможно во извонредната Португалија: Прошетки на прекрасните плажи, јавање на коњи во Мадеира, дегустација на вино во Алто Доуро, средби со китови во близина на Азорес и слично. Можете да се сместите во хостел, хотел или во куќа блиску до море. Најпопуларните јадења се риба на скара за 2 евра, бакалар со зеленчук за 3 до 4 евра и топли лепчиња со разни филови. Ако сакате да јадете во ресторанче, ќе ве чини околу 11 евра за двајца. Можете и да си зготвите вкусна вечера ако купите говедско за 7 евра, пилешко за 6 евра, шкампи за 9 до 11 евра, школки за 2,5 евра, кашкавал за 5 евра и овошје за 2 евра. Ако сакате да ги посетите музеите во Лисабон, барајте попуст во продавниците и не плаќајте за транспорт со тоа што ќе купите Lisboa Card.
4. Бугарија
Сместување: Од 7 евра па нагоре за хостел, од 15 евра па нагоре за хотел
Храна: Од 2 евра па нагоре
Транспорт: Од 0,51 евра па нагоре
Најверојатно сте биле во Бугарија досега, па знаете дека цените се навистина ниски. Сигурно сте ги посетиле познатите плажи како што се Златни песоци, Несебар и Сончев брег. Ако не сакате да се сместите во хотел или хостел, можете да изнајмите бунгалов за 12 евра. Вечерајте во ресторан за 4 евра, појадувајте во кафуле за 1,5 евра и одете на ручек за двајца за 10 евра. Ќе потрошите околу 12-14 евра за леб, сирење, компири, пилешко, овошје и вино ако си купите сѐ во супермаркет.
Продолжете на втората страница за останатите земји…