12 неверојатни мистериозни нешта пронајдени на Земјата
Овој свет е преполн со неверојатни и непознати нешта, за кои науката сè уште не може да даде соодветно објаснување, без оглед на тоа колку и да е напредна. Необјасниви антички технологии, чудни ракописи и гробници во кои не може да се влезе и уште многу други записи, остатоци и сведоштва се наоѓаат околу нас. Ова се неколку од најпознатите:
1. Подземниот град Деринкују
Откриен е случајно во 1963 година во Кападокија, Турција и оттогаш ги фасцинира дури и најподготвените научници. Се работи за огромен подземен лавиринт на 11 нивоа и уште не е јасно кој го изградил и кога.
2. Тунелите од каменото време
Огромна мрежа на камени тунели кои потекнуваат од неолитот може да се најдат на повеќе места во Европа. Уште не е познато за што служеле, но се верува дека луѓето во нив бегале за да се заштитат од крволочни ѕверови, временски непогоди и насилство.
3. Сончевата порта во Боливија
Оваа порта се наоѓа во близина на езерото Титикака. Се верува дека била дел од некоја поголема градба. Мистеријата ја зголемуваат и написите на самата порта, за кои научниците сметаат дека може да кријат важни астрономски записи.
4. Мапата Пири Реис
Ова е најстарата географска карта која ја покажува Америка и датира од 1513 година, a потекнува од Турција. На неа се прикажани неверојатни детали за кои во тоа време не било можно да бидат познати. Исто така, постојат и сомнежи дека е вистински артефакт, а некои одат дотаму што сметаат дека има вонземско потекло.
5. Римските додекахедрони
Овие артефакти потекнуваат од вториот и третиот век и се пронајдени на повеќе локации во Европа. Науката уште нема објаснување како се изработени и за што се користеле.
6. Волгоградските камени дискови
Во околината на Волгоград во Русија се пронајдени камени дискови чија форма многу потсетува на НЛО. Многумина и сметаат дека нивното потекло е вонземско, но постојат и теории дека се производ на ерозија.
7. Ракописот на Војнич
Ова е еден од записите кои уште им создаваат главоболки на криптографите и научниците. Напишан е на јазик или код што модерните технологии уште не можат да го дешифрираат, а мистеријата ја зголемуваат и рачно нацртаните цртежи.
8. Ѓаволската библија (Кодекс Гигас)
Овој ракопис е пронајден во Чешка и уште не е јасно кој е автор, колку долго ја пишувал и што всушност го мотивирало да го создаде ова дело.
9. Костурот од Атакама
Во 2003 во пустината Атакама е пронајдено мумифицирано тело што личи на тело на мал човек. Долго време оваа мистерија остана нерешена, а најновите истражувања покажале дека се работи за женско дете со сериозни деформитети на коските.
10. Покровот од Турин
Се работи за парче ткаенина со кое било обвиткано човечко тело, кое оставило отпечаток при процесот на распаѓање. Популарното верување е дека ова е покровот со кој Исус Христос бил завиткан и однесен до гробницата. Некои истражувања покажале дека потекнува од периодот околу 1260 година, но сè уште постои можност дека процената е неточна.
11. Гробот на првиот кинески император
Група фармери во 1974 година ја откриле оваа гробница, во која подоцна биле пронајдени и познатите теракотни војници. Археолозите уште не се нафаќаат да започнат со копање, особено поради историските записи во кои е наведено дека во длабочините на гробницата има огромна река од жива која може да го доведе населението во животна опасност.
12. Механизмот од Антикитера
Популарно овој механизам е наречен уште и „античко грчки компјутер“. Пронајден е во потонат брод во 1900 година и по подолги истражувања, покажано е дека со него може точно да се проценат положбите на небесните тела. Неговото потекло останува мистерија до денеска.
Прочитајте уште и за овие 13 историски мистерии кои конечно се решени.