12 нешта што не би требало да ги фрлате во тоалетната школка
Луѓето фрлаат сешто во канализацијата. Помеѓу најнепријатните работи што ги наоѓаат водоводџиите се пластични шишиња, па дури и облека. Се разбира, најчесто луѓето не се ослободуваат од ѓубрето на овој начин, но кој би помислил дека дури и најмалку штетните нешта, како конците за чистење заби, можат да направат проблем?
1. Тоалетна хартија
Постои голема дебата за тоа дали е или не е во ред да се фрла тоалетната хартија во канализацијата. Повеќето експерти сметаат дека не прави никаква штета доколку живеете во обична куќа или во зграда. Но, доколку имате септичка јама, не би требало да фрлате ништо во канализацијата.
2. Конец за чистење заби
Конецот за чистење заби содржи материјал со влакна кој може да се насобере во цевките и да ги затне. Исто така, фрлањето на конецот во канализацијата воопшто не е еколошки. Синтетичките влакна не се распаѓаат и ѝ штетат на околината.
3. Гума за џвакање
Гумата за џвакање не се раствора во вода и може да се залепи на цевките и да ги затне.
4. Риби
Изгледа често се случува луѓето да ги фрлат нивните миленичиња риби кои умреле во тоалетната шолја. Но ова е навистина лоша идеја и нивните тела можат да ги затнат цевките. Во Канада дури властите ги замолиле граѓаните и да не фрлаат живи риби во тоалетната школка бидејќи понекогаш тие стигнувале во некое езеро и ги убивале локалните риби.
5. Ханзапласт
Обичниот ханзапласт е направени од разни нешта – восок, гума и други состојки. Овој коктел не се раствора во вода и може да ги затне цевките.
6. Контактни леќи
Контактните леќи се направени од полимери коишто не се распаѓаат со години. Се разбира една мала леќа сигурно нема да ја затне цевката, но дефинитивно ѝ штети на околината. Експертите пресметале дека секоја година над 20 тони контактни леќи завршуваат во канализацијата и депониите и ја загадуваат водата.
Продолжува на следната страница…