Претходно
12 нешта кои младите брачни парови не сакаат да ги чујат од вас
Младите брачни парови се заедно и се венчале затоа што веруваат дека со тоа за нив следуваат поубави времиња. Затоа, немојте да им ги кажувате овие 12 работи. Сакаат да си уживаат во новата реалност која си ја создале за себе и не сакаат да им мудрувате и да им го расипете расположението.
1. Како е сега кога сте венчани? Поразлично ли е? Што се смени?
2. Готово е, и вие се зацрнивте како нас.
3. Толку од добриот секс.
4. Ќе видите како е кога ќе имате деца.
5. Без гајле, првата година е најлоша, ама после е подобро.
6. Го зеде неговото презиме или не? Е, зошто?
7. Трудна си веќе?
8. Знаете дека денес многумина се разведуваат?
9. Кога ќе имате деца? Почнете да „работите на случајот“.
10. Имате среќа што сè уште можете парите да ги трошите на што ќе ви текне. Со деца е поинаку.
11. Имате среќа што сè уште сте само вие двајца.
12. Не знаеш што е тоа љубов сè додека не родиш дете.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.