12 неочекувани нешта што всушност можете да ги јадете
Кога станува збор за храната, технологијата прави чуда за доброто на околината – денес постојат шишиња за вода и шолји за кафе што се јадат. Но постојат и некои други необични работи за кои повеќето од вас веројатно не сте знаеле дека можете безбедно да ги консумирате. Погледнете за кои станува збор.
1. Кора од дрво
Кората од дрво се јаде долго време, а најпопуларен е циметот. Исто така може да се направи брашно од внатрешната кора на многу дрвја. Според истражувањата, од кората на борот има многу здравствени придобивки. Таа може да го намали нивото на гликоза и да го подобри вашиот имунитет бидејќи му помага на телото при апсорбирање на витаминот Ц, а истовремено служи и како заштита за кожата од УВ зраците.
2. Кактус
Сигурно воопшто не би помислиле да јадете кактус, најмногу поради боцките. Но постојат неколку видови кои се безбедни за јадење и се користат во многу специјалитети, се разбира, откако ќе бидат внимателно подготвени.
3. Кикиришка
Кикиришката е црвениот дел што се наоѓа на главата на кокошките и не само што се јаде, туку наводно е и со многу добар вкус. Се служи во разни кујни, како во Кина и во Франција. Според истражувањата, кикиришката се употребува и во инјекции за остеоартритис на колено.
4. Лушпи од јајца
Неодамна се докажа дека лушпите од јајца се одлично ѓубриво за растенија, но можат да се консумираат и како додаток за калциум во исхраната. Се разбира, потребно е да земете предвид неколку нешта пред да ги консумирате. Јајцата треба да бидат органски, а лушпата треба да биде варена и печена на 200 степени. Покрај тоа треба добро да ги сомелете. Сепак, јадењето лушпи од јајца има свои ризици – сите природни додатоци со калциум содржат големи количини токсични метали, како што е живата.
5. Кожа
Овде не станува збор за хемиски третираната кожа, туку за кожа во најчиста форма. Во Нигерија познат деликатес е кожа од крава која е преработена и се консумира со телешко. Постојат многу дебати за тоа дали јадењето кожа е здраво или не, а научниците дошле до заклучок дека таа нема никаква хранлива вредност.
6. Глуварче
Глуварчињата се најздравиот продукт на оваа листа и се богати со витамини Ц, А и К, како и со антиоксиданси, калиум и железо. Покрај тоа се користат во многу култури како лек за воспаленија. Важно е да знаете дека доколку сакате да ги консумирате, треба да бидат одгледани органски.
Продолжува на следната страница…