12 најубави цитати од руската поетеса Марина Цветаева

12 најубави цитати од руската поетеса Марина Цветаева

Марина Цветаева (27 септември 1892 – 31 август 1941) била руска поетеса којашто најчесто пишувала за емоциите, љубовта и женската сексуалност. Таа живеела и пишувала за време на руската револуција од 1917 година. Песните ги пишувала во моменти на засилени чувства, љубовен копнеж и романтично сонување. Затоа во секој нејзин стих се чувствуваат длабоки емоции, љубов, осаменост и искрени желби за сакање. Како лирски поет, нејзината страст и смело јазично експериментирање ја прават впечатлив хроничар на своето време и на длабочините на човечката свест. Нејзини најпознати дела се збирките песни „Вечерен албум“, „Волшебниот фенер“, „Разделба“, „Занает“, како и драмите „Жандарм херц“, „Виулица“, „Камениот ангел“ и „Феникс“. Во продолжение ќе ги наведеме нејзините најпознати цитати.

„Им благодарам на оние коишто ме сакаа бидејќи ме научија да ги сакам другите. Благодарна сум им и на оние кои не ме сакаа бидејќи ме научија да се сакам себеси.“

„Сега кога си ми најблизок можеш најмногу да ме повредиш.“

„Секој што се смее на туѓата несреќа не е будала или никаквец туку и едното и другото.“

„Ќе те сакам цело лето“ – звучи поуверливо од ‘цел живот’ – и што е најважно – многу подолго!“

„Што ме боли сега? Не е ниту забот, ниту главата, ниту стомакот. Мора да е душата.“

„Сонувајте заедно, спијте заедно, но секогаш плачете сами.“

„Гревот не се раѓа во темница, туку во светлото на неписменоста.“

„Љубовта значи да се сака личноста каква што ја створил Бог, а не како што ја обликувале родителите.“

„Сакам толку скромна, моќна, а едноставна работа – кога човекот ќе ме види да стане среќен.“

„Мажите не се навикнаа на болка како животните. Кога ги боли одма им се олкави очите. Подготвени се да направат сè, само таа болка да престане.“

„Ако го сакам човекот посакувам да му биде подобро од мене – барем од пришиено копче. Од пришиено копче – од целата моја душа.“

„Единственото нешто што луѓето не го простуваат е фактот дека сепак сте успеале без нив.“

Прочитајте ги безвремените цитати од Абрахам Линколн.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар