12 начини на кои моќните жени го живеат својот живот поинаку
Додека она што ја прави жената моќна е високо субјективна работа, засега ќе речеме дека моќните и силни жени се чувствуваат одлично во сопствената кожа. Тоа се жени кои свесно избираат што сакаат наместо да дозволуваат нивните животи да бидат раководени од општествените стереотипи или нивните потсвесни стравови. Тие се срамежливи и смели, позитивни и прифатливи, но и по малку несигурни. Моќта не изгледа исто на секого, но секогаш можете да ја забележите кога е присутна. Во продолжение прочитајте на кој начин моќните жени го водат својот живот поинаку од останатите.
1. Комуницираат со прецизност
Тие не ги менуваат своите мислења врз основа на луѓето и средината што ги опкружува. Тие повеќе се грижат за тоа што сакаат да го кажат и начинот на кој сакаат тоа да биде примено и прифатено од другите. Кога луѓето не се изразуваат јасно и концизно, тие само ја заматуваат сопствената порака бидејќи се плашат како ќе бидат перципирани.
2. Тие внимателно стапуваат во врска
Тие не паѓаат толку лесно на шармот и харизмата на нивните партнери, ниту пак ја гледаат врската како нешто свето и финално. Тие избираат љубови кои им помагаат во живеењето живот каков што сакаат, а не партнери кои ги кочат во понатамошниот напредок.
3. Внимаваат на што ја трошат менталната енергија
Тие знаат дека времето и вниманието не се најважните ограничени работи во животот, туку тоа е енергијата. Енергијата го создава животот и само преку неа тој може целосно да се искуси. Тие внимаваат со секоја мисла, интеракција и задача која ја прават преку денот, но и ноќта.
4. Тие ги информираат игнорантните луѓе, наместо да ги критикуваат
Не ги осудуваат луѓето ако некоја работа им е непозната, без претходно да се обидат да им ја објаснат на мирен, нежен и објективен начин. Во спротивно и тие стануваат игнорантни.
5. Се борат фер и чесно
Тие не навредуваат никого, ниту пак дозволуваат да се развие конфликт кога соговорникот сака само да „победи“ во дебатата наместо да се обиде да пронајде заедничко решение.
6. Личниот развој им е на прво место
Тие знаат дека главното прашање не е што сакаат, туку што сакаат да постанат. Моќните жени знаат дека нивната перцепција го информира и формулира нивното искуство, а тоа ќе бидат онолку добро колку што и самите тие ќе бидат добри во она што го прават.
7. Ги почитуваат и луѓето кои немаат никаква почит кон нив
Тие ги третираат сите подеднакво и не го користат карактерот на личноста како индикатор за тоа дали треба да го променат своето однесување кон неа. Впрочем, карактерот се дефинира како начинот на кој ги третирате оние кои не можат или не сакаат да направат нешто за вас.
8. Не очекуваат постојано да ја сакаат нивната работа, ниту пак се форсираат да го прават тоа
Според моќните жени, секој кој што мислел дека радоста е есенцијалниот елемент на успехот, тој не постигнал многу во животот.
9. Дозволуваат нивните дела да зборуваат за нив
Наместо да бараат да бидат почитувани, тие им даваат на луѓето причина за да бидат почитувани. Тие знаат дека луѓето судат по делата, а не по она што го зборуваме за тие дела.
10. Секогаш се независни пред да стапат во врска
На тој начин тие го решаваат проблемот кој може да настане во ситуации кои се неподносливи, навидум нерешливи и болни и токму затоа моќните жени никогаш не ја искусуваат „потребата“ од некого за да преживеат. Во овој случај, тие слободно можат да уживаат со своите партнери бидејќи знаат дека не е возможно да се сака некој кој ви е потребен и од кого зависите.
11. Не се фокусираат на работите кои можат да тргнат на лошо, туку на начинот на кој ќе реагираат доколку тие лоши работи се случат
Наместо да паничат дека можеби ќе ја изгубат работата, моќните жени го усовршуваат нивното резиме и CV и во секое време се спремни за ново интервју и нов работен предизвик. Наместо да се грижат за врската која се распаѓа, тие веруваат дека се способни да најдат некој друг и знаат дека можат да бидат среќни и кога се сами.
12. Тие се адаптираат
Ако не се задоволни со парите, тогаш од дополнителни извори се информираат за личните финансии. Ако не се среќни во врската, тие разговараат со партнерот зошто е тоа така. Ако не им се допаѓа моменталната адреса и дом на живеење, тие бараат нови. Не ги прифаќаат животните околности на слепо, туку даваат соодветен одговор и ги променуваат.