12 митови и лаги за автомобилите во кои треба да престанете да верувате

12 митови и лаги за автомобилите во кои треба да престанете да верувате

Во светот на автомобилите, митовите се фокусирани на грешните информации кои се пренесуваат од генерација на генерација. Лагите пак најчесто се со цел да ве измамат за некој да заработи повеќе пари. Погледнете ги овие 12 примери на најпознати лаги и митови за автомобилите во кои веруваат премногу луѓе.

1. Алуминиумот не може да биде безбеден колку челикот

(1)12-mitovi-i-lagi-za-avtomobilite-vo-koi-treba-da-prestanete-da-veruvate-kafepauza.mk

Многумина сметаат дека цврстиот алуминиум не може ни да се спореди со челикот. Но, постојат многу докази кои го тврдат спротивното. Откако Chevrolet направи реклама во која покажува како алуминиумот на Ford значително се оштетува, почнаа да се прават некои истражувања. Се покажало дека речиси 99% од корисниците на Ford немаат проблем со алуминиумот. Друго истражување покажало дека алуминиумското возило F-150 на Ford е едно од најбезбедните.

2. Корејските автомобили се ѓубре

(2)12-mitovi-i-lagi-za-avtomobilite-vo-koi-treba-da-prestanete-da-veruvate-kafepauza.mk

Многу луѓе не знаат дека некои од најдобрите автомобили се произведени во Кореја. Со познатите германски инженери и дизајнери од компании како BMW и Audi, кои се наоѓаат на списокот на Hyundai и Kia, перформансот и квалитетот се најважните делови од производството на автомобили во Кореја.

3. Хибридите се бавни

(3)12-mitovi-i-lagi-za-avtomobilite-vo-koi-treba-da-prestanete-da-veruvate-kafepauza.mk

Денес со електричните верзии на RAV4 и Lexus 450h докажано е дека хибридите можат да бидат многу помоќни од нивните „пријатели“ на гориво. Модерните хибриди се полесни, поефикасни и помоќни. Полека овој мит исчезнува, но многу луѓе сè уште се во заблуда.

4. Кај сите SUV автомобили постои ризик од превртување

(4)12-mitovi-i-lagi-za-avtomobilite-vo-koi-treba-da-prestanete-da-veruvate-kafepauza.mk

Иако овие автомобили нудат поголема заштита при судири, тие биле склони кон превртување без разлика дали станува за Jeep Wagoneer или Suzuki Samurai. Но денес, благодарение на модерните контролни системи, овие автомобилите целосно го надминале овој проблем.

5. Американските автомобили се произведени во Америка

(5)12-mitovi-i-lagi-za-avtomobilite-vo-koi-treba-da-prestanete-da-veruvate-kafepauza.mk

Многу луѓе не разбираат дека потеклото на автомобилот не е само земјата во која се склопени деловите, туку и земјата во која се произведени. Иако постои мрежа на производство во Америка, Focus RS сепак се произведува во Германија, или пак новиот Jeep Compass е направен во Бразил, Кина, Индија и Мексико.

6. Високите октани ја зголемуваат моќта

(6)12-mitovi-i-lagi-za-avtomobilite-vo-koi-treba-da-prestanete-da-veruvate-kafepauza.mk

Кога една нафтена компанија ќе ви каже дека премиум горивото ќе ги отстрани проблемите со перформансот на моторот, не очекувајте неверојатно решение. Неодамнешните истражувања покажале дека евтиното гориво не може да го оштети моторот, и во ред е понекогаш да го користите. Но, постојаното користење на поскапо гориво на автомобил кој нема потреба од него само ви ги зголемува трошоците.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар