Претходно
12 маки со кои се соочуваат девојките кои имаат права коса
Датум: 03 сеп 2015
Коментари: 0
Веројатно си мислите дека им е лесно на девојките со права коса – можат природно да ја сушат, нема потреба да ја пеглаат и сл. Вистината не е баш таква, и иако многу девојки им завидуваат, тие всушност ја гледаат само позитивната страна. Но, како сè што си има негативна страна, така и правата коса. Еве некои од маките на оние кои имаат права коса.
1. Никогаш не се витка. Не се ни трудете.

2. Без разлика каков препарат ќе нанесете, потоа секогаш изгледа мрсно.

3. Изгледа исто секој ден.

4. Постојано ви се разлетува.

5. Секогаш изгледа рамно и спласнато.

6. Последици од коњското опавче: откако еднаш ќе го подигнете, нема спуштање.

7. Некогаш мора многу да ја скратите бидејќи станува премногу сува на краевите.

8. Подигната фризура? Можеби друг пат (читај: никогаш).

9. Tолку e права, што шнолите ви летаат од косата.

10. Не можете да носите капа неколку часа, мора да биде цел ден.

11. Пеглите ви ја виткаат косата… Наспроти сета логика.

12. Плетенките ви се отпуштаат.






























