12 кафулиња кои љубителите на книгите ќе сакаат да ги посетат - Part 3

12 кафулиња кои љубителите на книгите ќе сакаат да ги посетат

9. Ле Ду Маго, Париз

Ле Ду Маго е главното собиралиште на писателите, поетите, уметниците и сите други интелектуалци кои во одреден момент се наоѓале во Париз. Симон де Бовуар, Албер Ками, Жан Пол Сартр и повторно Ернест Хемингвеј се само неколку од имињата кои овде навраќале да дискутираат со своите колеги додека ја држат чашката в рака. Поради тоа денеска е препосетен од туристи.

12 кафулиња кои љубителите на книгите ќе сакаат да ги посетат

10. Ред Ки Таверн, Индијанаполис

Ред Ки Таверн бил отворен од страна на ветеран од Првата Светска војна и воен затвореник, којшто своето кафуле го украсил со авиони кои висат на таванот. Тоа било омиленото место на Курт Вонегат, кој овде доаѓал дури и да ги пишува своите дела додека на масата му стои чаша со пијачка.

12 кафулиња кои љубителите на книгите ќе сакаат да ги посетат

11. Антико Кафе Греко, Рим

Ова е најстарото кафуле во Рим и второто најстаро во цела Италија. Мери Шели и нејзините современици го направиле мека за уметниците кога почнале да доаѓаат овде за да разменат идеи со шолја капучино. Антико Кафе Греко било често посетувано и од Ханс Кристијан Андерсен, Хенри Ибзен, Чарлс Дикенс, Лорд Бајрон итн. И денес успева да ги привлече римските интелектуалци.

12 кафулиња кои љубителите на книгите ќе сакаат да ги посетат

12. Ла Ротонд, Париз

Хемингвеј бил присутен во секое боемско кафуле во светот, а Ла Ротонд не е исклучок. И ова кафуле му е спомнато во „Сонцето повторно изгрева“. Покрај него тука поминале и Т.С. Елиот, Ф. Скот Фицџералд и Гретруда Стајн.

12 кафулиња кои љубителите на книгите ќе сакаат да ги посетат


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар