12 кафулиња кои љубителите на книгите ќе сакаат да ги посетат
5. Сервесерија Алемана, Мадрид
Хемингвеј бил голем љубител на алкохолот, па кога навраќал во Мадрид секогаш седнувал на неговата омилена маса во пивницата Сервесерија Алемана, која подоцна ја спомнал во романот „Сонцето повторно изгрева“. Денес посетителите можат да седнат на истата таа маса.
6. Барот Карусел во хотелот Монтелеоне, Њу Орлеанс
Во овој бар гостувале толку многу книжевници што веќе се смета како еден вид свето место за љубителите на литературата. Труман Капоте во неколку наврати спомнувал дури дека бил роден во овој хотел. Покрај него ова место било посетувано и од Тенеси Вилијамс, Вилијам Фокнер и, се разбира, Ернест Хемингвеј.
7. Кенеди’с, Даблин
Славните ирски писатели како Џејмс Џојс, Оскар Вајлд и Семјуел Бекет често поминувале време во Кенеди’с. Кога бил млад, Оскар Вајлд дури работел овде извесен период.
8. Олд Таун Бар енд Ресторант, Њујорк
Многу писатели го одбрале овој локал не само како место за да се напијат, туку и за забавите посветени на промоциите на нивните книги. Најчесто гости биле Ник Хорнби, Френк МекКорт, Шејмус Хини, Питер Хамил, Били Колинс…