12 интересни загатки кои се одлична вежба за вашиот мозок

12 интересни загатки кои се одлична вежба за вашиот мозок

Сигурно како деца сте уживале во решавањето загатки во детските списанија. Повеќето од вас и денес со голем ентузијазам го прифаќаат предизвикот да ги откријат решенијата на заплетканите, логични проблеми. Токму затоа и ви претставуваме колекција од 12 загатки кои ќе ве натераат да размислувате „надвор од линиите“ за да го најдете одговорот. Со среќа!

12 интересни загатки кои се одлична вежба за вашиот мозок

1. Што оди горе-долу, а не се помрднува?

  • Решение

    Патот

2. Што треба да направите кога ќе видите зелен човек?

  • Решение

    Преминете ја улицата

3. Што се појавува еднаш во минута, двапати во еден момент, а ниту еднаш во илјада години?

  • Решение

    Буквата „М“

4. Како може да оставите молив на подот, а да бидете сигурни дека никој нема да скокне над него?

  • Решение

    Ставете го покрај ѕид

5. Во текот на кој месец луѓето спијат најмалку?

  • Решение

    Февруари

6. На кој јазик зборуваат луѓето кои не кажуваат ниту еден збор гласно?

  • Решение

    Гестикулација (говорот на телото)

7. Што е тоа што никогаш нема да го собере во едно тенџере?

  • Решение

    Неговиот капак

8. Што е тоа што исчезнува кога ќе го изговорите нејзиното име?

  • Решение

    Тишината

9. Три доктори велат дека Роберт е нивниот брат. Роберт вели дека нема браќа. Кој од нив лаже?

  • Решение

    Никој, Роберт има три сестри

10. Тегла е оставена на работ од масата, така што половина од неа виси во воздухот. Што има во теглата?

  • Решение

    Мраз

11. Имате три кибритчиња. Како од нив може да направите четири, а да не скршите ниту едно?

  • Решение

    Од нив направете ја бројката „4“

12. Што е тоа што ви овозможува да гледате низ ѕидови?

  • Решение

    Прозорец


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар