12 интересни факти за смеењето кои ќе ве изненадат

12 интересни факти за смеењето кои ќе ве изненадат

„Духовитите луѓе засекогаш остануваат деца.“ – Ерих Кестнер, германски писател познат по хуморот и книгите за деца

Што ќе биде ако сите го сфатиме животот премногу сериозно? Смејте се што почесто, гледајте комедии и дружете се со луѓе кои се позитивни и насмеани. Најдобриот лек кој ќе ви помогне да пребродите секаква потешкотија е токму смеењето, кое, популарно кажано, го продолжува животот. Но, исто така смеењето ве прави поубави и попривлечни. Овие интересни факти покажуваат колку бенефиции имате од смеењето.

12 интересни факти за смеењето кои ќе ве изненадат

1. Едно добро смеење троши околу 3,5 калории.

2. Во друштво, жените се смеат повеќе од мажите.

3. Смеата ги подобрува готовноста, креативноста и меморијата.

4. Повеќето луѓе не можат да се смеат по наредба.

5. Звукот на смеата не се асоцира со ниеден јазик. Тоа значи дека насмевката во Америка е иста со онаа во Кина или Нигерија. Смеата е универзален јазик.

12 интересни факти за смеењето кои ќе ве изненадат

6. Здравите луѓе се смеат од 100 до 400 пати дневно, односно околу 2.800 пати неделно или 146.000 пати годишно.

7. Гелотологија е науката за хумор и смеа и како тие влијаат на телото од психолошка и физичка перспектива. Зборот доаѓа од грчкото gelos што значи смеа.

8. Се смееме 30 пати повеќе за време на социјални збиднувања отколку кога сме сами.

9. Смеата ја зголемува циркулацијата на крвта за 22% додека стресот ја намалува за 35%.

10. Смеењето го активира производството на ендрофин – хормонот на среќата.

11. Добрата смеа го подобрува имуниот систем, ја подобрува работата на дишните патишта, го зголемува бројот на активни клетки кои се борат против вирусите, ја зголемува толерантноста на болка, ги опушта мускулите и ја зајакнува менталната способност.

12. И за крај, не заборавајте дека смеењето е заразно. 🙂


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар